Aqua Vista Resort Египет Хургада
"Kористиме "колачиња" (cookies) за да обезбедиме најдобро корисничко искуство и функционалност на веб страната. Ако продолжите, ќе претпоставиме дека разбирате и прифаќате.​
Повеќе информации можете да добиете на следниот линк политика за колачиња
Прифаќам
Мапа

Aqua Vista Resort Опции за соба

Пребарувај цени за достапни соби!
Краток опис
Овој модерен луксузен хотел е на само 250м од Црвеното море. Тој нуди базен на отворено во стил на лагуна, 5 ресторани и дискотека. Сите соби имаат балкон или тераса.
Aqua Vista Resort е отворен во јануари 2008 година и последен пат е реновиран во 2017 година. Тој нуди 326 сместувачки единици. Опкружен е со хотелите Beach Albatros Resort, Albatros Aqua Park и Aqua Blu, чии објекти гостите на хотелот можат да ги користат.
За деца има мини клуб, игралиште во хотелот Albatros Aqua Park, 3 детски базени (од кои едниот е во хотелот Albatros Aqua Park), 3 детски базени со 16 тобогани во хотелот Aqua Blu.
Плажа
Хотелот ја користи плажата на хотелот Beach Albatros Resort, до која води бесплатен шатл-бус. Плажата е песочна, најголемиот дел е област за капење, на помал дел од плажата има корален гребен што ги привлекува љубителите на подводниот свет. Лежалки и чадори на плажа и базен се бесплатни. Крпите се добиваат во хотелот со картичка.
Facilities
Доктор во рамките на хотелот Aqua Blu, сервис за перење, банкомат, фризер во хотелот Albatros Aqua Park.
Локација
Меѓународниот аеродром во Хургада е на 7 км возење од хотелот, додека центарот на Хургада е на 15км.

Концепт за исхрана
Услугата во хотелот е All inclusive - појадок, бранч, ручек и вечера (самопослужување - избор на повеќе јадења според правилата на хотелот). Хотелот нуди неколку ресторани - Soprano (италијански ресторан), Saffran (ориентален ресторан), La ’Asiatique (азиски ресторан) и a la carte ресторан Lagoon. Гостите исто така имаат на располагање барови - Pool Bar White, Cubana Bar, Lobby Bar Olympus, Red Sky Bar и Milenium Sport Bar, Underground disco (во хотелот Aqua Blu), Red Sky Bar (во хотелот Beach Albatros). Концептот вклучува палачинки, сладолед, како и сите домашни алкохолни и безалкохолни пијалоци.
Се плаќа: увезени алкохолни и безалкохолни пијалоци, a la carte ресторан Lagoon, наргиле, пијалоци во дискотеката и друго вон концепт.

Хотелот има право да ги менува деталите за услугата во зависност од сезоната (време, содржина…).

Спорт и рекреација
Хотелот нуди теретана, пинг-понг, гимнастика, гимнастика во вода, аеробик, пикадо, разни дневни и вечерни анимации, 3 базени за возрасни, од кои едниот се наоѓа на покривот и има директен пристап до барот Red Sky, еден базен за деца. Гостите на хотелот можат да ги користат објектите на хотелот Aqua Blu - 5 базени, од кои 3 се за деца. Исто така, гостите имаат на располагање објекти на хотелот Albatros Aqua Park - 9 базени, од кои 5 се за возрасни, 3 со тобогани и еден детски базен.

Се плаќа: спортови на вода (Beach Albatros Resort), осветлување тениски терени и опрема, спортска продавница, базен за спортски активности, билјард (Albatros Aqua Park) и друго вон концептот.

Важни информации

За овој аранжман важат општите услови на патување на AtlantiS, кои ги добивате со резервирање на вашата соба.

Цените се изразени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 еур = 62 мкд

Програма


Дополнителни информации

Сместување
Хотелот нуди 326 сместувачки единици и сите имаат поглед на градина или базен, клима уред, сателитска ТВ, мини бар, фен за коса, сеф, Wi-Fi интернет, кетлер (на барање).
Стандардните простории се со големина од околу 41м2.
Фамилијарните соби се состојат од две соби и бања, површината е околу 82м2.

Се плаќа: телефон, услуга во соба.
Band Text
https://www.pickalbatros.com/hotels-resorts/aqua-vista-resort/

Задолжителна доплата од 25$ по лице еднократно за NEVERLAND SHOW
General Warning

Хотелските соби може да варираат во големина и дизајн, па сместувањето во собите од сликите не е загарантирано. Хотелите имаат право да ја променат својата политика на обезбедените услуги (за дополнителни трошоци / бесплатно). Искрено се извинуваме за какви било несогласувања.

Health Care
Spa & wellness
Гостите можат да го користат Спа центарот во Albatros Aqua Park.

Се плаќа: сауна, парна бања, турска бања, џакузи, масажи.
За хотелот:
Задолжителна доплата од 25$ по лице еднократно за NEVERLAND SHOW

Aqua Vista Resort Слики и Видеа

Почнувајќи од..
Најниска Цена и Дата
Во ред

Маил-от е успешно пратен

Предупредување

Настана грешка при праќање на маил - от.

our e-Mail Newsletter;
our e-Mail Newsletter;
Придружи се на нашиот Newsletter / За согласност и одјавување прочитајте во политика за приватност
Маилинг Пошта

Содржина на маилинг листа

Име
Презиме
Маил
Во ред

Маил-от е успешно пратен

Предупредување

Настана грешка при праќање на маил - от.