ДУБАИ
ТЕРМИНИ : 28.02 / 14.03 / 21.03
Со
лет на Fly Dubai
Вклучена панорамска обиколка
на Дубаи со водич на бугарски јазик
Познат по своите песоци,
сонце и Арапско гостопримство, некогаш бил мал рибарски град, посетуван од
персиските трговци и во него биле сместени бедуинските рибари и ловците на бисери.
Денес, џамиите и кулите
на Стариот Дубаи се рефлектираат во новите сјајни облакодери.
Потопете се со нас во ЗЛАТНИОТ БЛЕСОК И ПУСТИНСКИОТ ШАРМ
Програма 6 дена / 5 ноќи со
вклучен појадок
Ден 1
Средба на аеродромот во
Софија/ Терминал 2/ во 11:30 ч. Лет за Дубаи во 14:10 ч. со
авиокомпанијата Fly Dubai. Пристигнување на аеродромот „Dubai
International Airport” во 20:55 ч. Трансфер и сместување во избраниот хотел.
Ноќевање.
Ден 2
Полудневна туристичка обиколка на Дубаи со водич на
бугарски јазик.
Денес ќе дознаете за
историјата, културата, најголемите проекти во светот, но и ќе видите некои од најинтересните знаменитости на Дубаи.
Нашата турнеја ќе започне
од стариот дел на градот наречен Деира, за да ја почувствуваме аромата и колоритноста на Арапскиот свет. Ќе го пресечеме каналот Дубаи со
традиционално водно такси - Абра, за да се најдеме во лавиринтот на мали кривудави улички со трговци кои ве покануваат да купите урми, парфеми
и сè што ве привлекува.
Потоа Арапската приказна полека
ќе ве однесе во новиот дел на Дубаи, каде ќе најдете серија архитектонски
фантазии претворени во реалност - интересен контраст помеѓу почитуваните стари
традиции и ултрамодерен луксуз и многу цвеќиња во срцето на пустината. Ќе
застанеме за фотопауза пред 7-ѕвездениот хотел Burj al
Arab, како и Madinat Jumeirah или како што го
нарекуваат „Арапската Венеција”. Нашата следна дестинација е хотелот
Атлантис на вештачкиот остров The Palm Jumeirah. Ќе застанеме
на фото пауза на прекрасното крајбрежие „The Pointe“, од каде се открива најубавиот поглед на величествениот и луксузен хотел „Atlantis
The Palm“. Ќе продолжиме кон новиот гламурозен кварт Dubai Marina и
ќе застанеме на фото-пауза покрај извонредниот спирален облакодер Infinity
Tower кој има уникатна архитектура инспирирана од човечката DNK. Секој негов
кат е поместен за нешто повеќе од 1 степен за да се произведе целосна спирала
од 90 степени. Нашата турнеја ќе заврши
со обиколка на Дубаи Мол, најголемиот светски
трговски центар, дел од комплексот Burj Khalifa.
Факултативно и со доплата може да се купи билет до палубата за набљудување на Burj
Khalifa „At the top” ( 128-и кат). - Цена 55 ЕУР за
возрасни / деца
Исклучително е чувството
да се искачите за 124 секунди до 124-от кат на врвот од највисоката
конструкција некогаш изградена. Со своите 828 метри и 206 спрата, од кои
последниот на 626 метри, Кулата на Калифа, како што
во превод од арапски значи Burj Khalifa,
го држи рекордот „нај“ за достигнувања во повеќе од 14 категории. Во својата
највисока точка, кулата се лула хоризонтално, правејќи осцилации долги 1,5
метри.
Ден 3
Појадок. Слободно време
за плажа и одмор или можност за факултативна екскурзија.
Наутро од 09:00 ч: Факултативна екскурзија – Магијата на отворените пазари на Истокот, со ручек во локален ресторан. Цена – 40 EUR (деца до 12
г. – 35 EUR)
Патувањето го започнуваме со преминување на другата страна
на Dubai Creek, природниот воден пат што го дели градот на два
дела - Деира и Бур Дубаи. Интересно доживување да пловите за кратко со
традиционалното водно такси наречено „абра“. Прошетката продолжува со пазарот
на зачини, парфеми и популарниот „Златен пазар“. Овде ќе најдете разнобојна
мешавина од зачини, изобилство ореви, слатки арапски ароми, а златарските работилници ќе ве остават без зборови со раскошниот накит и вештата изработка. На крајот од прошетката ќе посетите продавница
каде што можете да изберете и да купите разни сувенири, а потоа можете да
очекувате богат ручек во локален ресторан.
Корисни информации за екскурзијата: Ручек на шведска маса со голем избор на специјалитети
(еден безалкохолен пијалок вклучен во цената). Претежно пешачка тура.
Времетраење околу 5 часа.
Навечер од 18:00 ч.: Посета на парк со активности/Global Village/
Цена: возрасни 40 EUR (мин. 10 лица) (деца до 12 г. –
25 EUR)
Комплексот е место за
забава како за деца, така и за возрасни. Се одликува со многу атракции,
концертни сцени, ресторани, забавен парк, зелени површини и 30 палати, кои
претставуваат 75 земји, каде што можете да купите оригинални производи од
целиот свет - природни масла од Африка, урми од Саудиска Арабија, памучна
облека од Египет, кожени производи од Авганистан и многу други.
Времетраење: околу 5 часа.
Екскурзијата вклучува: превоз од / до хотел, влез во селото, водич на
бугарски јазик.
Екскурзијата не вклучува: храна и пијалоци, билети за атракциите во забавниот
парк на селото.
Ден 4
Појадок.
Слободно време за на плажа и забава или избор на дополнителна екскурзија.
Навечер од 18:30
часот: Дополнителна екскурзија - Крстарење и
вечера на традиционалниот арапски брод Доу / Арапска галија /, пловење по Дубаи
Марина . Цена - 65 ЕУР (деца до 12 години - 55 ЕУР)
Прекрасно
вечерно крстарење со овој брод кој бил традиционален за Индискиот Океан во
минатото . Вечерно ветре, рефлексии на облакодерите околу Дубаи Марина, шарена
палета на луѓе, вкусна вечера и незаборавно искуство.
Корисни информации
за патувањето:
Климатизиран превоз до и од хотелот, двочасовно крстарење со галијата,
континентална вечера на шведска маса, безалкохолни пијалоци, кафе и чај.
Времетраење на крстарење: околу 2 часа и 30 минути.
Ден 5
Појадок. Слободно време
за плажа и одмор или можност за факултативна екскурзија.
Наутро од 08:30 часот: Градините на
Дубаи /Miracle Garden и Madinat Jumeirah/. Цена - 40 EUR (мин. 15 лица) (деца до 12
г. – 35 EUR) .
Ќе уживате во најголемите
вертикални и хоризонтални градини во светот со околу 45 милиони цвеќиња
расположени на површина од 72km2. Некои од растенијата засадени во градината на
Дубаи никогаш порано не биле одгледувани во регионот на Персискиот залив, од кои
најпопуларни се петунија и невен. Интересно е што цвеќињата се засадени така што образуваат различни форми. Некои од нив прикажуваат срца, ѕвезди,
разни видови кругови, а има и поголеми фигури како пирамиди, ретро автомобили,
мостови, заоблени патеки, шарени чадори и многу други / престој во градините
околу 1:30 час /.
Екскурзијата
продолжува со комплексот Madinat Jumeirah, лоциран недалеку од Бурџ Ал Араб и
опишан како најзеленото и најегзотичното место во Дубаи. Покриениот дел од
пазарот е вистински лавиринт на мали улици, каде се наоѓате како во бајка.
Бујна зелена вегетација и вода што ве опкружува од секаде, и која лебди и
мрзливо минува низ десетици ресторани, игралишта, плоштади, летни театри и оди
далеку, далеку во комплексот, каде има неколку супер скапи и луксузни хотели,
најпомпезниот меѓу кои е самиот Бурџ Ал Араб.
Попладне од 15:00 ч.: Факултативна екскурзија - Џип сафари во пустината.
Цена – 60 EUR (деца до 12 г. – 45 EUR)
Оваа екскурзија е бисер
во круната на возбудливите авантури во Дубаи. Ова off road искуство, дивото возење по црвените песочни дини ќе Ви пружи неописиво задоволство.
Срамежливото зајдисонце ќе додаде мека светлина и романса, а пустинскиот пејсаж
ќе Ве покани да навлегувате се’ подлабоко во срцето на
пустината. Ќе застанете сред црвените дини за да го пробате вкусот на арапско кафе и
гостопримството кон
странците. По зајдисонцето, ќе пристигнете во
бедиунски камп, каде ќе се служи вечера под отворено небо. Тука ќе можате да ги обоите Вашите раце со кана, да пушите
наргиле, да возите или само да се сликате со камила - сето тоа со
позадина на арапска музика и стомачен танц.
Корисни информации за
екскурзијата: Почеток на патувањето: 15:00 часот. Времетраење: околу
5 часа. Сафари џиповите ќе Ве земат од Вашиот хотел. Патувањето не е погодно за бремени жени. За деца до 6 години,
сафари е одговорност на родителите и е дозволено по потпишување документ за
согласност. За Ваша удобност, облечете лесна надворешна облека и носете шал.
Ден 6
Појадок. Напуштање на хотелот околу 06:30 часот. Трансфер
до меѓународниот
аеродром во Дубаи „Dubai International
Airport” за лет до Софиja вo 09:40ч. Пристигнување на аеродромот во Софија.
ПАКЕТНИ ЦЕНИ
Хотел
|
Возрасен во DBL соба
|
Единечна соба
|
Доп. легло
|
Дете до 5,99 без легло
|
Дете од 06 до 11,99 со легло
|
3* Ibis DCC
Standard room/BB
|
€ 571
|
€ 713
|
n/a
|
€ 436
|
n/a
|
4* Holiday Inn FC
Standard room/BB
|
€ 647
|
€ 807
|
€ 562
|
€ 505
|
€ 551
|
4* Flora Al Barsha
Classic room/ВВ
|
€ 580
|
€ 703
|
€ 612
|
€ 467
|
€ 612
|
4* Wyndham Dubai Marina
Superior
room/BB
|
€ 648
|
€ 787
|
€ 659
|
€ 505
|
€ 659
|
4* Riu Dubai
Deluxe
Room
All Inclusive
|
€ 900
|
€ 1044
|
€ 815
|
€ 653
|
€ 815
|
5* Crowne Plaza FC
Superior
room/BB
|
€ 724
|
€ 925
|
€ 671
|
€ 461
|
€ 577
|
5*Millennium
plaza hotel
Superior
room/BB
|
€ 686
|
€ 913
|
n/a
|
€ 505
|
n/a
|
5*
JA Ocean View Hotel
Sea View room/BB
|
€ 954
|
€ 1 424
|
n/a
|
€ 446
|
n/a
|
*Возможно е сместување и за 2 возрасни и 2 деца,
но во соби од повисока категорија.
Пакетната цена вклучува:
· Авионски
билет Софија – Дубаи - Софија со вклучени аеродромски такси со авио компанијата Fly Dubai;
· Едно
парче кабински багаж до 7 кг. со големина 56/45/25 см во авионот;
· Чекиран
багаж 20 кг;
· Трансфер
аеродром-хотел-аеродром
· 5 ноќевања
во избраниот хотел на
соодветен пансион;
· Целодневна
тура со разглед на Дубаи со водич на бугарски јазик;
· Претставник
од Бугарија за време на целиот престој во Дубаи;
· Услуга
на бугарски јазик за време на екскурзии во Дубаи од страна на професионални,
лиценцирани водичи;
Пакетната цена не вклучува:
• Кетеринг во авионот;
• Дополнителни (Факултативни)
екскурзии;
• Лични трошоци
• Негативен PCR тест за Ковид 19 (48 часа пред лет);
• Виза за влез во Дубаи: 110€
•Патничко осигурување (Ве молиме
проверете дали осигурувањето кое го имате или ќе го купите покрива ризици од COVID-19)
•Надоместок „Туристички Дирхам“ во Дубаи - се плаќа задолжително и лично од
туристот при сместување во хотелот и се наплаќа по соба за една ноќ на:
Хотел со 3 * -
10 дирхами (околу 2,5 евра)
Хотел со 4 * -
15 дирхами (околу 4 евра)
Хотел 5 * - 20
дирхами (околу 5 евра)
Дополнителни екскурзии
|
Име на екскурзијата
|
Цена за возрасен
|
Цена за дете до 12 год.
|
Времетраење
|
Магијата на откриените пазари на Истокот со ручек во локален ресторан.
|
40 EUR
|
35 EUR
|
͌ 5 часа
|
Бурж Калифа и
Дубаи Мол
|
55 EUR
|
͌ 5 часа
|
Џип сафари во пустината со вклучена вечера
|
60 EUR
|
45 EUR
|
͌ 6 часа
|
Круз и вечера на традиционален арапски брод Доу /Арапска галија/
|
65 EUR
|
55 EUR
|
͌ 5 часа
|
Глобал Вилиџ
|
40 EUR
|
25 EUR
|
͌ 5 часа
|
Градините на Дубаи
|
40 EUR
|
35 EUR
|
͌ 3 часа
|
Услови за резервација:
§ - Меѓународен пасош валиден
6 месеца после последниот датум на патувањето.
- Уплата на депозит (аванс)
од 100 еур по лице
- Доплаќање до 10 дена пред заминување
- Рок за пријавување - до 3 дена пред поаѓање.
* Патниците имаат право да го откажат договорот за патување во
секое време пред започнување на користењето на туристичкиот пакет, со плаќање
на следните пенали:
Во случај на
откажување на патувањето, компанијата го враќа уплатениот износ со следниве
одбивања:
· до 30 дена пред датумот на поаѓање: без пенали
· од 29 дена до 11 дена до датумот на патување:
депозитот
· за помалку од 10 дена од датумот на патување: 100% пенали од износот на целиот договор
· Промена на име до 10 дена пред патувањето без казна, со
доплата на трошоци за издавање на нов авио билет.
ОТКАЖУВАЊЕ
БЕЗ ПЕНАЛИ И РЕФУНДАЦИЈА:
* Во
случај на откажување на патувањето од страна на агенцијата, износот се враќа во
рок од 7 дена од денот на откажувањето;
* Во
случај на неможност за патување поради забрана или ограничување поради
епидемиолошка состојба поврзана со КОВИД 19, исплатениот износ се враќа во
целост во рок од 14 дена од датумот на поаѓање.
*
Единствен исклучок е случајот на развој на епидемиолошката состојба и
попречување на патувањето поради затворање на границите на Бугарија и ОАЕ. Во
овој случај, тур-операторот е должен да ја врати сумата што ја платил
корисникот во рок од 14 дена по датумот на поаѓање.
Тур-операторот
го задржува правото да го смени времето на поаѓање доколку е потребно.
Вид на превоз кој се користи во програмата: Авион и автобус.
Забелешки:
· Дадените
пакетни цени се калкулирани по курс на 1 ЕВРО = 62 мкд. Во случај, валутниот курс да се зголеми или намали за 5 или повеќе проценти,организаторот го задржува правото за корекција на општата пакетна цена.
· Ве
молиме да имате во предвид дека некои хотели во Дубаи бараат депозит за
хотелски услуги при пристигнување - мини бар, спа центар, бар, ресторани.
Доколку депозитот не се искористи, тој се враќа. Плаќањето може да се изврши во
готово или со кредитна картичка.
· Минимален
број на туристи за патување - 20.
Краен рок за известување за недоволен број: 14 дена пред датумот на поаѓање
· Доколку
се променат цените на влезниците за објектите и рестораните, може да се
променат цените на програмата или екскурзиите.Авиокомпанијата го
задржува правото да го промени времето на полетување и слетување, за што
тур-операторот навремено ќе ги информира корисниците. Туроператорот НЕ е
одговорен за промените во музејските такси и времето на отворање на музеите.
Може да се појават промени. Тур-операторот го задржува правото да го смени
редоследот на имплементација на програмата од причини што не се во нејзина
контрола и не е одговорен за туристите кои не ги пуштаат релевантните гранични
власти.
Сите дополнителни екскурзии се нарачуваат и се плаќаат однапред во
агенцијата.
Пред поаѓањето, тур-операторот ќе ги информира туристите за можните барања,
процедури и препораки во врска со влезот и престојот во Обединетите Арапски
Емирати.
Во случај корисникот доброволно да го прекине своето
патување за време додека истото веќе се реализира, сите дополнителни трошоци,
вклучително и транспортните трошоци, се на негова сметка.
КОРИСНИКОТ има право да го пренесе своето право на патување
на трето лице во рок според спецификите на дестинацијата, издавањето авио
билети на меѓународните летови и најдоцна 30 дена пред датумот на поаѓање, па
се задолжува да ги плати на ТУР-ОПЕРАТОРОТ само должните суми, сврзани со
евентуалното реиздавање на билети.
Здравствени информации: Потребен е PCR тест за патување во
ОАЕ, направен до 96 часа пред поаѓањето.
За патување во Дубаи нема други посебни медицински и санитарни барања.
Патувањето како целосна програма НЕ Е соодветно за лица со
ограничена подвижност.
Овој аранжман не е во организација на ДТУ АтлантиС ДООЕЛ и неможе да се користат COVID-19 ваучерите.