КУШАДАСИ НОВА ГОДИНА
Термин: 29 декември 2020 | 3 ноќи All Inclusive + Новогодишна вечера / 6 дена | Автобус
1 ден – вторник (29.12.2020)
Средба на групата на Дрводекор во 14:00 часот и сместување на багажот. Поаѓање за Кушадаси. Ноќно возење со транзит преку Бугарија, попатни паузи и царински формалности.
2 ден – среда (30.12.2020)
Пристигнување во Кушадаси во утринските часови, разглед на градот, слободно време за одмор. Сместување во хотел. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.
3 ден – четврток (31.12.2020)
Појадок, по појадокот факултативна посета на Ефес 30€. Еден од најбогатите археолошки локалитети од Антички период, посета на куќата на Света Богородица, во која Дева Марија ги поминува последните денови од својот живот, посета на Ѕидот на желбите. Потоа се упатуваме кон малото градче Селчук каде се посетува Црквата и гробот на Св. Јован. Враќање во хотел. ДОЧЕК НА НОВА ГОДИНА. Ноќевање.
4 ден – петок (01.01.2021)
Појадок. По појадокот факултативна посета за Памуккале 40€. Памуккале е една од најголемите туристички атракции во Турција која секоја година ја посетуваат повеќе од 2 милиони гости од целиот свет. Памуккале е комплекс од необични минерални извори кои личат на памучни планини во плитките варовнички базени сместени на југозападот во Турција во близина на градот Денизли. Враќање во хотел. Вечера. Ноќевање.
5 ден – сабота (02.01.2021)
Појадок. Напуштање на собите. Во договореното време посета на трговски центар. Во попладневните часови заминување кон Македонија.
249 ЕВРА ПО ЛИЦЕ
ALL INCLUSIVE
БЕСПЛАТЕН ТРАНСФЕР ОД БИТОЛА, ПРИЛЕП И ВЕЛЕС
Во цената на аранжманот е вклучено:
- 3 ноќевања на услуга all inclusive во хотелот Korumar Ephesus Beach 5* ( https://korumarephesus.com.tr/en)
- Дочек на Нова Година со вклучена вечера и неограничени пијалоци
- Превоз со високотуристички автобус
- Посета на трговски центар
- Лиценциран пратител во текот на целото патување
- Организација и реализацијa на аранжманот
Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Патничко осигурување
- факултативни излети
- индивидуални трошоци
Важни напомени:
- За патувањето е потребно да поседувате валиден биометриски пасош, најмалку 6 месеци пред истек.
- За реализација на патувањето потребен е минимум од 35 патници
- За реализација на факултативата потребен е минимум од 20 патници
- За време на патувањето во автобус задолжително е носење на заштитна маска со која се покрива устата и носот.
- Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.
- За резервација потребна е задолжителна уплата на депозит од најмалку 30% доплата најдоцна до 2 недели пред поаѓање.
- Со потпишување на договорот на патниците им се доделуваат седишта според времето на уплата, доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција.
- Цените се дадени по лице за сместување во двокреветни валидни за најмалку 2 лица во соба.
- Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна до 5 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
- За ова патување важат Општите Услови за Патување на СКТМ.