НОЕМВРИ во БАРСЕЛОНА
4 дена/3
ноќевања
Индивидуална авионска
програма ОД СКОПЈЕ
Програма на
патувањето:
1.ден: Скопје – Барселона
Пристигнување на аеродром 2 часа пред лет за Барселона, во 04: 20 ч., полетување во 06:20 ч., односно согласно времето наведено во авионската карта.Слетување во 09:05ч.По царински формалности следи организиран
трансфер до избраниот хотел и
превземање на собите според хотелските правила. Слободно време, ноќевање
во хотел.
2 – 3 ден:
Барселона
Појадок во хотел. Слободно време за индивидуални активности,
прошетки и разгледи, шопинг и уживање. Барселона или „каталонската кралица“ е
четвртиот најпосетуван град во Светот. Величествен град со прекрасна убавина,
кој живее 24 часа дневно. Потрудете
се да видите што е можно повеќе ...
Ноќевање во хотел.
Последен ден: Барселона – Скопје
Рано
одјавување на собите и трансфер до
аеродром. Полетување за Барселона во 09:45 ч. Пристигнување во Скопје во 12:30
ч.
Вклучено во цена:
- авио билет на реалција Скопје- Барселона – Скппје, со рачен багаж
- аеродромски такси
- 3 ноќевања со појадок во избраниот хотел
- трансфер аеродром – хотел – аеродром
Во цената НЕ е вклучено :
- чекиран багаж
- индивидуални трошоци
- патничко осигурување
- можност за организирање на факултативи (информации во агенција)
Напомени и услови за отказ на резервација:
- За резрвирање потребна е
уплата од 50% од вкупната сума на аранжманот.
- Дадените цени се за индивидуално патување и истите се променлива во
зависност од слободни места и цена на авио билетот како и слободни места и цена на хотелот.
- Направените резервации по оваа понуда
се нерефундабилни и согласно тоа овде не важат правилата за отказ според Општи
услови на патување. Доколку
истата се уплати и потврди уплатените средства неможе да бидат вратени по
ниеден основ вклучувајки и позитивен PCR тест пред патување, или било која
друга причина поради која би се прекинало патувањето.
ВАЖНА НАПОМЕНА:
Патникот е должен непосредно пред патување да се информира за правилата за
влез во државата во која ќе патува од причина што истите се променливи на
дневно ниво и зависат од епидемиолошката состојба кај нас и во државата во која
се патува.
ПРОТОКОЛИ ЗА ВЛЕЗ ВО ШПАНИЈА
Ве информираме
дека при влез во Шпанија, според Covid-19 протоколот потребно е да се приложи
еден од следните документи:
1. За пристигнувања со авион или брод, задолжителна е регистрација
48 часа пред патувањето на https://spth.gob.es/ (во
моментов не е потребна регистрација ако во Шпанија се влегува по копнен
пат).
2. Приложување на сертификат за вакцинација со вакцина призната од
Светската Здравствена Организација (WHO) и Европска Агенција за Лекови(EMA).
3. За деца под 12 години кои ги придружуваат патниците не е потребен
сертификат за вакцинација, но останува задолжителната регистрација (од точка 1)
4. Влез со PCR или NAAT тестови ќе биде дозволен САМО за патници кои
имаат соодветна шпанска виза или дозвола за престој во Шпанија.
На туристи без сертификат за вакцинација нема да им биде дозволен
влез во Шпанија!
ПРОТОКОЛИ ЗА ВЛЕЗ ВО МАКЕДОНИЈА
Во делот на мерките поврзани со патувања на граѓаните со
важност од 01.09.2021г. се додава точка 14, со која при влез во државата сите
лица (домашни и странски) треба да приложат еден од следните документи:
- =Сертификат
/ потврда за извршена имунизација (вакцинација)од вирусот
SARS-CoV-2, односно примени најмалку 2 дози на вакцина против COVID-19;
- =Сертификат
/потврда за прележан COVID-19 во последните 45 дена, сметајќи од
денот на оздравувањето; Медицинска
потврда со негативен резултат од RT PCR SARS-CoV-2 тест, направен
во рок од најмногу 72 часа пред влез во нашата држава;
- =Негативен
резултат од брз Тест за Антиген направен во рок од најмногу 48 часа
пред влез во нашата држава.
Патниците (над 18 години) кои немаат сертификат за извршена
имунизација или за прележан COVID-19 во последните 45 дена, доколку не
сакаат да бидат упатени во домашна изолација ќе треба да направат тест
за време на престојот во странство непосредно пред враќањето за
Македонија.