БОДРУМ – ЦАРСТВО НА ЏЕТ СЕТОТ И ПРЕСТИЖОТ
Велигден во Бодрум - 28.04 - 03.05.2021
Програма 6 дена / 5 ноќи
Цени
од 349 евра по лице
Бисерот на Кариската ривиера, на брегот на Егејското Море е познат уште од
времето на античка Грција како богат и елегантен Халикарнас. Градот е сместен
во големиот залив на југот на Бодрумскиот полуостров, опкружен со бројни заливи.
Со над 30.000
жители и околу еден милион туристи годишно, е најпопуларното место на Егејот во
Турција. Некогаш пристанишен град и познато место за средби на мали рибари и
собирачи на сунѓер, денес пристаниште преполно со бели луксузни јахти, градот
стана познат како турски Сан Тропе. Ги има највпечатливите одлики на европските
градови, може да се пофали со исклучително богато културно - историско
наследство, бидејќи е центар на едно од седумте светски чуда - гробот на кралот
Мавзол, како и родно место на таткото на историјата - Херодот.
Шармот на неформалното врамен во
богатството на врвниот ноќен живот и уживање на прекрасните плажи во
атрактивните заливи го прави Бодрум сè попосакувана дестинација низ целиот
свет.
Бодрум се здоби со репутација на центар на турската уметничка фела
благодарение на живата, пријателска и боемска атмосфера и големиот број мали
галерии. Се карактеризира со неформален дневен и возбудлив ноќен живот. Долж
брегот, во центарот на градот, има голема марина покрај која се наоѓа
средновековната тврдина на Свети Петар, пример за крстоносна архитектура од 15
век, која е претворена во музеј на подводна археологија. Музејот на подводна
археологија е неизбежна точка во Бодрум. Без разлика дали сакате антика или не,
Бодрум нема да ве остави рамнодушни!
Во текот на денот можете да посетите
некоја од плажите во некој од блиските заливи или да се капите на
градската плажа, а навечер може да седнете во некој од бројните ресторани кои
нудат свежи специјалитети од морска храна. Со ноќни клубови и дискотеки
(познатата дискотека „Халикарнас“ собира 5000 луѓе), животот во Бодрум трае до
зори.
Дестинација
на тиркизно море, спој на природни убавини и историски значајни локации, место
каде традицијата оди рамо до рамо со модерната ера, претставува туристичко
место кое ги задоволува и најпребирливите гости.
Откријте ги
плажата и сонцето во град што со генерации е инспирација за поетите. Посетете
го Бодрум и откријте го тиркизното море, бескрајното синило на Турција.
Што
да посетите во Бодрум
Погледнете
претстава во извонредниот амфитеатар од четвртиот век
Најдобро сочувана рушевина во
Халикарнас е амфитеатарот, локално познат како Бодрумски антички театар, кој се
наоѓа на ритче над центарот на градот.
Можете само да го посетите или
уште подобро, да гледате претстава на неговата летна сцена. Во античко време,
капацитетот на амфитеатарот бил околу 13.000. Сега тоа е многу поинтимен и
прима 4.000 посетители.
Истражете
го гробот на сите гробници во древниот Халикарнас
Надгробниот споменик на
каријскиот крал Мавзол веднаш до тврдината на Св. Петра е најголемата атракција
на Бодрум.
Мавзолејот (зборот произлегува
од името на Мавзол и денес се употребува за секоја голема гробница) било
најголемото достигнување на античкиот свет во тоа време и е едно од седумте
чуда на античкиот свет.
Изграден е во 350. година пред
нашата ера. За жал, по силниот земјотрес и неколку грабежи, остануваат само
урнатините на мавзолејот…
Иако се отстранети многу
урнатини – можете да ги видите неговите статуи и мермерни релјефи во
британскиот музеј, но мавзолејот сè уште вреди да се посети.
Програма на патувањето:
1 ден 28.04.2021 – СКОПЈЕ - ИСТАНБУЛ – БОДРУМ
Пријавување на аеродромот во Скопје 3 часа пред
предвидениот лет кон Бодрум во 09:05часот . Се лета преку Истанбул , со
пауза на аеродромот во Истанбул.
Пристигнување во Бодрум во 19:20 часот. По
завршување на царински и пасошки формалности, следува организан трансфер
до избраниот хотел. Пријавување во хотелот . Ноќевање.
2 - 5 ден 29.04.2021 – БОДРУМ
Време за слободни активности и факултативи.
6 ден 03.05.2021 БОДРУМ - ИСТАНБУЛ - СКОПЈЕ -
Полетување од Бодрум за Скопје преку Истанбул во 06:10.
Пристигнување во Скопје во 10:55.
Хотел
|
Услуга
|
Пакетна Цена По Лице
|
YELKEN MANDALINCI SPA
& WELLNESS 4*
|
ALL (се вклучено)
|
369€
|
AMBROSIA HOTEL 4*
|
HB (појадок и вечера)
|
349€
|
SALMAKIS RESORT & SPA 5*
|
UALL
|
389€
|
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
·
Авионски превоз на релација Скопје – Бодрум – Скопје Pegassus
·
Кабински багаж 55x40x20 cm
·
Трансфер аеродром – хотел – аеродром
·
Сместување во хотел 4* или 5*на база 5 ноќевања со соодветниот пансион
·
24-часовна поддршка од нашите агенти.
·
Организација на патувањето
ВО ЦЕНАТА
НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
·
Факултативни разгледи со локален водич ( резервација во агенција)
·
Доплата за еднокреветна соба
·
Патничко-здравствено осигурување (задолжително)
·
PCR тест – по потреба, во зависност од моменталното барање на Р.Турција.
Општи напомени
- За ова патување
потребно е да имате патна исправа со валидност од минимум 6 месеци, од датумот
на враќање во Македонија;
- Резервација на
аранжманот се реализира со уплата на 50% од вкупната сума;
- Доплата на целиот
износ на аранжманот, најдоцна 14 дена пред датумот предвиден за реализација;
- Цената подлежи на промена
во зависност од цената на авионскиот билет во моментот
- За патување во
Турција во моментот е наведено дека до 15.04 ќе важи задолжителното прикажување
на негативен PCR тест на COVID-19;
- Организиторот на
патувањето го задржува правото за промена на редоследот на програмата;
- Организаторот на
патувањето го задржува правото за промена на цената на аранжманот, доколку
цените на авионските билети, хотелското сместување, цените на трансфер услугите
како и факултативните излети се променат.
Овој аранжман не е во организација на ДТУ АтлантиС
ДООЕЛ и неможе да се користат COVID-19 ваучерите.