ОКТОМВРИ во ВЕНЕЦИЈА
Индивидуална авионска програма ОД СКОПЈЕ
Програма на патувањето:
1.ден: Скопје – Венеција
Пристигнување на аеродром 2,5 часа пред лет за Венеција , во 16: 55 ч., полетување во 19:25 ч., односно согласно времето наведено во авионската карта. Слетување во 21:10ч. По царински формалности следи организиран трансфер до избраниот хотел и превземање на собите според хотелските правила. Ноќевање во хотел.
2 – 3 ден: Венеција
Појадок во хотел. Слободно време за индивидуални активности, прошетки и разгледи, шопинг и уживање. Венеција или „градот на гондолите “ е меѓу најпосетуваните градови во светот. Величествен град со прекрасна убавина, кој живее 24 часа дневно. Потрудете се да видите што е можно повеќе ...
Ноќевање во хотел.
Последен ден: Венеција – Скопје
Рано одјавување на собите и трансфер до аеродром. Полетување од Венеција во 21:15 ч. Пристигнување во Скопје во 22:55ч.
Вклучено во цена:
- авио билет на релација Скопје- Венеција – Скопје, со рачен багаж
- аеродромски такси
- 3 ноќевања со појадок во хотел со 3* во Лидо Ди Јесоло или Мештре.
- трансфер аеродром – хотел – аеродром
Во цената НЕ е вклучено :
- чекиран багаж
- индивидуални трошоци
- патничко осигурување
- можност за организирање на факултативи (информации во агенција)
Напомени и услови за отказ на резервација:
- За резрвирање потребна е комплетна уплата,т.е. вкупната сума на аранжманот.
- Дадените цени се за индивидуално патување и истите се променлива во зависност од слободни места и цена на авио билетот како и слободни места и цена на хотелот.
- Направените резервации по оваа понуда се нерефундабилни и согласно тоа овде не важат правилата за отказ според Општи услови на патување. Доколку истата се уплати и потврди уплатените средства неможе да бидат вратени по ниеден основ вклучувајќи и позитивен PCR тест пред патување, или било која друга причина поради која би се прекинало патувањето.
ВАЖНА НАПОМЕНА:
Патникот е должен непосредно пред патување да се информира за правилата за влез во државата во која ќе патува од причина што истите се променливи на дневно ниво и зависат од епидемиолошката состојба кај нас и во државата во која се патува.
ПРОТОКОЛИ ЗА ВЛЕЗ ВО ИТАЛИЈА
Ве информираме дека при влез во Италија, според Covid-19 протоколот потребно е да се приложaт следните документи:
- -При качување (на брод/авион) да покажат, на барање на претставниците на авио компанијата или на други превозници, како и при копнен влез во Италија или на сите овластени лица кои тоа ќе го побараат, „зелен Ковид-19 сертификат„ или еквивалентен сертификат добиен по завршување на циклусот на вакцинација издаден од надлежните здравствени органи по вакцинацијата со вакцини одобрени од Европската агенција за лекови (со вакцините Pfizer-BioNtec, Moderna, AstraZeneca или Johnson & Johnson);
- - Исто така, да поседуваат негативен ПЦР или брз антигенски тест, не постар од 72 часа, направен со брис, кој ќе го покажат на барање на сите овластени лица кои тоа ќе го побараат;
- -да го пополнат онлајн дигиталниот формулар за локализација на патниците (digital Passenger Locator Form, dPLF) на веб страницата https://app.euplf.eu/#/ и истиот да го прикажат на претставниците на авио компанијата при качување во авионот или на другите превозници или на сите овластени лица кои тоа ќе го побараат, во дигитална форма на смартфон или отпечатен на хартија.
Во случај на недостиг на сертификатот за вакцинација наведен во точка 1, се уште е можен влез во Италија, но во секој случај е задолжително:
- Поседување негативен ПЦР или брз антигенски тест, не постар од 72 часа, направен со брис, кој ќе го покажат на претставниците на авио компанијата при качување во авионот или на барање на сите овластени лица кои тоа ќе го побараат;
- да се пополни онлајн дигиталниот формулар за локализација на патниците (digital Passenger Locator Form, dPLF) на веб страницата https://app.euplf.eu/#/ и истиот да се прикаже на претставниците на авио компанијата при качување во авионот или на други превозници или на сите овластени лица кои тоа ќе го побараат, во дигитална форма на смартфон или отпечатен на хартија.
- да поминат 5 дена во самоизолација и под здравствен надзор, на адресата која ја пријавиле како место на престој (известувајќи го надлежниот здравствен дом)
- да се направи дополнителен тест, ПЦР или брз антигенски, преку брис, по истекот на петте дена поминати во изолација.
ПРОТОКОЛИ ЗА ВЛЕЗ ВО МАКЕДОНИЈА
Во делот на мерките поврзани со патувања на граѓаните со важност од 01.09.2021г. се додава точка 14, со која при влез во државата сите лица (домашни и странски) треба да приложат еден од следните документи:
- -Сертификат / потврда за извршена имунизација (вакцинација)од вирусот SARS-CoV-2, односно примени најмалку 2 дози на вакцина против COVID-19;
- -Сертификат /потврда за прележан COVID-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето;
- -Медицинска потврда со негативен резултат од RT PCR SARS-CoV-2 тест,направен во рок од најмногу 72 часа пред влез во нашата држава;
- -Негативен резултат од брз Тест за Антиген направен во рок од најмногу 48 часа пред влез во нашата држава.
Патниците (над 18 години) кои немаат сертификат за извршена имунизација или за прележан COVID-19 во последните 45 дена, доколку не сакаат да бидат упатени во домашна изолација ќе треба да направат тест за време на престојот во странство непосредно пред враќањето за Македонија.