Ние ке Ве контактираме.
Име и Презиме
Телефонски Број
E-Mail
Време на Повик
Контакт
02 3229922
Мапа

Coral Blue Beach Опции за соба

Пребарувај цени за достапни соби!
Home Info

Локација

Локација: 
Грција / Халкидики / Ситониа / Геракини
Hotel - Nea Moudania,  14 km; Hotel - Gerakini, Paralia Gerakinis 2 km; Hotel - Psakoudia 7.6 km; Hotel - Metamorfosi 17.5 km; Hotel - Nikiti 24 km

GPS:
X Координати: 40.276520
Y координати: 23.428868

За хотелот:

Локацијата, песочната плажа, уредувањето на околината и објектите, бистрата и плитка вода се причината што хотелот е погоден за одмор за било која возрасна група, од најмали до најстари. За фамилиите со мали деца. Ако го посакувате одморот од соништата “со деца а одморени”, Coral Blue Beach е вистинскиот избор за вас. 


Плажа

Плажа:
Приватна плажа, песочна. За секоја соба 1 чадор и 2 лежалки на плажа со минимум нарачка од 5 еур.

Пансион

Услуга:
Полупансион (појадок и вечера).

Во цената е вклучено:

Услуги кои се вклучени во цената:
  • Користење на клима уред;
  • Интернет на бар на плажа и во лоби на хотелот;
  • Паркинг (во согласност со слободни места во моментот).

Во цената не е вклучено:

Услуги кои се доплаќаат:
Во сите соби има можност за детско креветче (baby cot) - 5 € на ноќ - со претходно барање од клиентите и одобрување од страна на хотелот. 

Сместување

Сместување: 
Двокреветна соба - DoubleRoom: Брачен лежај или две одвоени легла (едно до друго) - максимум сместување 2 возрасни и 1 дете до 12 години на дополнително легло;
Двокреветни бунгалов - DoubleBungalow: брачен лежај или две одвоени легла и кревет на спрат или едно дополнително легло - максимум сместување 2 возрасни + 2 деца (0 - 11.99) или 3 возрасни;
Фамилијарна соба со кревет на спрат FamilyRoomwithbunkbed: Брачен лежај или одовоени кревети и кревет на спрат - максимум сместување 2 возрасни + 2 деца (0 - 11.99 години) или 3 возрасни;
Тип на дополнително легло: На расклопување;
Сите соби се опремени со клима уред, телевизор (локални ТВ канали, телефон, Wi - Fi интернет (со доплата), фрижидер / мини бар, сеф, фен за коса, купатило со туш, балкон или тераса. Постелнината, перниците и бројот на крпи во собата е во согласност со бројот на легла во истата.


Чистење на собите: 

6 пати неделно; Промена на крпи и постелнина: 3 пати неделно;



Услови за деца

Услови и доплати за деца или трет возрасен:
  • Едно дете до 11.99 години - Бесплатно;
  • Две деца до 11.99 години се сместуваат бесплатно;
  • Трет возрасен на дополнително легло плаќа 30€ на ноќ;
  • Трето дете од 0-11,99 години 25€ на ноќ;

Daily Discounts

Дополнителни попусти:
  • За уплатени два аранжмани 7+7 ноќи добивате 7% попсут на терминот со пониска цена, овој попуст не е валиден за резервации направени по цена со Early booking попуст или било кој друг тип на попуст.

Дополнителни информации

Хотелски содржини: 
  • Хотелскиот комплекс се простира на самата песочна плажа, урбано уредена со лежалки, чадори за сонце;
  • Главениот ресторан "Thalassa" е место каде се служат појадокот и вечерата на принцип шведска маса, со голем избор на вкусни домашни јадења и специјалитети.
  • Барот на плажа "Ammos" е преубаво место на самата плажа и под борови дрвја каде се нудат свежи сокови, сладоледи, лесно освежување, коктели и вкусна ужина;
  • Лоби бар "Blue Wave", работи 24 часа на ден и овде исто така се нудат повеќе видови на кафе, грицки, сладоледи, слатки, освежување и алкохол.

Важни информации

Важни напомени за хотелот:

  • При користење на лежалки и чадори на плажа строго е забрането консумирање на храна и пијалоци купени надвор од хотелот / барот на плажа. Истите се достапни и можат да се купат во барот на плажата.

General Warning


Handicap Info

Информации за дополнителни услуги/трошоци кои се плаќаат на лице место.

Задолжителна допла за туристичка такса за сите хотели во Грција (се плаќа на лице место):

  • 5* хотели: 4 € по соба на ноќ;
  • 4* хотели: 3 € по соба на ноќ;
  • 3* хотели: 1.5 € по соба на ноќ;
  • 1 & 2* хотели: 0.5 € по соба на ноќ;
  • 1 & 2 key апартмани: 0.25 € по соба на ноќ;
  • 3 key апартмани: 0.5 € по соба на ноќ;
  • 4 key апартмани: 1 € по соба на ноќ;

Напомени за попусти:

Бројот на соби кој може да се реззервира со Early booking попусти е ограничен!

Early booking попустите или било каков друг вид на попусти не се пресметуваат на доплатите, освен ако не е спротивно наведено.
Агенцијата го задржува правото за промена или прекинување на Early booking попустите пред наведените датуми на истекување на истите.
Резервациите направени по Early booking не може да се комбинираат со ниеден друг попуст.
Доколку уплатата не се изврши во предвидениот термин, резервацијата ќе биде наплатена по редовна или ревидирана цена во моментот на наплата.

Сите промени за резервации направени со попусти за рани резервации, ќе се сметаат како нови резервации и ќе бидат фактурирани по моменталната цена при промената.

За уплатени 2 аранжмана 7+7 ноќи добивате 7% попуст на терминот со пониска цена. Овој попуст не е валиден за резервации направени со early booking  попусти или било каков друг вид на попусти.

На ПРОМО цените не следува попуст за 2 последователни термини и попуст за рана резервација, истите се резервираат со 50% аконтација.

Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute понуда, претходно направените и потврдени резервации нема да подлежат на какви било промени во цената.

Резервација и Отказ :

За да се направи барање за резервација е потребна уплата од 30% од вкупната цена на аранжманот или ако е поинаку наведено на самата понуда која соджи одреден вид на попуст. Целосната доплата на аранжманот е до 14 дена пред денот на поаѓање.

Доколку резервацијата се прави во период пократок од 21 ден пред почетокот на аранжманот, барање за резервација се прави со 100% уплата.

Резервациите кои се направени и потврдени, со вклучен попуст за рани резервации, или друг вид на попуст не подлежат на рефундација и санкциите за отказ се 100% од износот на резервацијата. За сите останати откази важат Општите услови за патување.

Дополнителен услов за отказ :

Доколку причината за отказ не е сериозна / смрт или сериозно здравствено наручување / 100% сакции си остануваат по резервацијата.

ПЛАЌАЊЕ НА РАТИ БЕЗ КАМАТА.

 

АтлантиС за своите клинти има обезбедено можност за плаќање до 6 или 12 рати без камата.

Овој начин може да се направи со кредитни картички на Стопанска банка до 6 рати или со наменски кредит во соработка со Силк Роуд Банка до 12 рати. За сите дополнителни информации слободно обратете се во некоја од канцелариите на АтлантиС.

За резервации по Last Minute понуди или други попусти агенцијата го задржува правото да не дозволи плаќање на рати без камата.

Напомена за хотелот:

Хотелските соби може да варираат во големина и дизајн, па сместувањето во собите од сликите не е загарантирано. Хотелите имаат право да ја променат својата политика на обезбедените услуги (за дополнителни трошоци / бесплатно). Искрено се извинуваме за какви било несогласувања.

Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, т.е. исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот издаден од агенцијата. Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест.

При правењето на резервација задолжително е да се наведе датумот на раѓање на детето кое патува. Хотелот го задржува правото на лице место да наплати трошоци кои произлегуваат од неточно дадени податоци на патниците.

Сите Ваши дополнителни барања и желби ќе бидат испратени до партнерите, но агенцијата не го гарантира исполнувањето на истите.

Дополнителни легла: тие се речиси секогаш со помали димензии од стандардните кревети и се на расклопување од метална или дрвена конструкција или фотељи на отварање што може да влијае на комодитетот во Вашата соба.

 

Гостите се должни првиот ден при влегување во собата да пријават било каков недостаток или оштета која ја забележале. Доколку настане некаква штета во текот на престојот, гостите ќе мора да ја платат истата при напуштање на собата.

Влез / Напуштање на хотелот :

Влезот во собите од хотелите, НЕ Може да се гарантира пред 14 часот. Напуштањето на хотелските собите е најдоцна до 12 часот, во зависност од кукниот ред на хотелот.

Организаторот на патување не е овластен да ја проценува важноста на патните и други документи. Ве молиме проверете ги Вашите патни документи дали имаат важност најмалку 3 месеци од последниот датум на Вашиот престој, односно датумот на враќање назад во Македонија.

 

Ве молиме информирајте се во агенцијата за деталите на патничко осигурување.

 

 


Во цената не е вклучен превоз (Македонија-Грција-Македонија)

 

Цена и време на поаѓање за превоз на релација Скопје - Ситонија (секоја Недела):

Скопје 40€ - 04:00h Скопје (Дрводекор)

Велес 40€ - 04:30h Велес (бензинска пумпа, Мотел Македонија)

Штип 45€ - 03:40h Штип (паркинг пред пошта) - Трансфер до Велес

Радовиш 45€ - 04:30h Радовиш (Makpetrol бензинска на излез од Радовиш) - трансфер до Смоквица

Струмица 45€ - 05:00h Струмица (Makpetrol бензинска нов кружен тек) - трансфер до Смоквица

Неготино 40€ - 05:00h Неготино (бензинска пумпа, Неготино)

Смоквица 40€ - 05:40h Смоквица (бензинска пумпа, Смоквица)

Граничен премин Богородица 40€ - 06:00h (бензинска пумпа Шимов)

 

Цена и време на поаѓање за превоз на релација Битола - Ситонија (секоја Недела):

Битола 35€ - 04:00h Битола (автобуска станица)

 

Попусти за деца и возрасни

Дете 0-1,99 бесплатно доколку не користи седиште

Дете 2-11,99 има попуст -10евра од цената за возрасен

Лица на 63 години имаат попуст -10евра

За користење на превоз во еден правец се одбива -10евра од цената за возрасен / за деца и лица на 63 години нема попуст

 

Забелешки:

Наведените цени се дадени по лице.

Релациите наведени како трансфер се реализираат со патнички возила или комбe.

Превозот ги слегува патниците на најблиската локација до сметувањето каде може да минува автобус.

Минимум 1 ден пред поаѓање Ве замолуваме да се информирате во Агенција.

Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 мин пред поаѓањето.

Поради густиот сообраќај во текот на летната сезона можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.

 

 

 


За овој аранжман важат општите услови на патување на AtlantiS, кои ги добивате со резервирање на вашата соба.

Цените се изразени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 еур = 62 мкд

 

 


Coral Blue Beach Слики и Видеа

Почнувајќи од..
Најниска Цена и Дата
Во ред

Маил-от е успешно пратен

Предупредување

Настана грешка при праќање на маил - от.

Нашиот билтен за е-пошта;
Нашиот билтен за е-пошта;
Пријавете се за да ги добивате сите наши промотивни понуди на маил
Маилинг Пошта

Содржина на маилинг листа

Име
Презиме
Маил
Во ред

Маил-от е успешно пратен

Предупредување

Настана грешка при праќање на маил - от.