Хотел Moyses – Лептокарија 2026
Опис на Лептокарија
Лептокарија е туристичко место на брегот на Егејско Море. Се наоѓа на околу 80 км од Солун, во подножјето на планината Олимп. Плажата е долга и песочна, а долж неа се протега преубаво шеталиште.
Шеталиштето, чистото море и прекрасната песочна плажа се само дел од привлечностите на Лептокарија. Местото е идеално за семеен одмор. Има многу продавници, таверни, кафулиња, ресторани, бутици, како и игралишта и забавни паркови со детски активности и лулашки за најмладите.
Цените се многу пониски и поволни во таверните каде што се нудат грчки специјалитети. Лептокарија е едно од ретките одморалишта каде можете да консумирате вода од чешма. Градската плажа е долга околу 5 км и има сино знаме, со што се докажува чистотата и квалитетот на водата.
Поради огромната побарувачка, оваа година за вас го имаме цел хотел Moyses на располагање.
Опис на хотелот Moyses
Хотел Moyses се наоѓа на приближно 80 м од плажа.
Хотелот располага со соби за 2, 3, 4 и 5 лица. Во секоја од собите има единечни кревети. Хотелот располага и со апартмани од две соби, за 5 лица.
Сите соби се на 1 и 2 спрат и имаат своја тераса каде што има маса и столчиња. Во кујната има рингли за подготовка на храна и прибор за онолку лица колку што ќе престојуваат.
Клима уред: се доплаќа 7 € од ден по соба.
Хотелот располага со базен кој патниците може бесплатно да го користат.
Ценовник по термини
Термини секој Петок и Недела – цени по лице за 7 ноќевања со превоз.
| Петок | Недела | Studio 1/2 редовна | Studio 1/2 ПРОМО | Studio 1/3 редовна | Studio 1/3 ПРОМО | Studio 1/4 редовна | Studio 1/4 ПРОМО |
|---|---|---|---|---|---|---|---|
| 22.05–29.05.2026 | 24.05–31.05.2026 | 69 € | 69 € | 69 € | 69 € | 69 € | 69 € |
| 29.05–05.06.2026 | 31.05–07.06.2026 | 79 € | 79 € | 79 € | 79 € | 79 € | 79 € |
| 05.06–12.06.2026 | 07.06–14.06.2026 | 99 € | 99 € | 99 € | 99 € | 89 € | 89 € |
| 12.06–19.06.2026 | 14.06–21.06.2026 | 120 € | 105 € | 109 € | 105 € | 103 € | 95 € |
| 19.06–26.06.2026 | 21.06–28.06.2026 | 142 € | 119 € | 131 € | 109 € | 120 € | 100 € |
| 26.06–03.07.2026 | 28.06–05.07.2026 | 164 € | 137 € | 153 € | 128 € | 142 € | 119 € |
| 03.07–10.07.2026 | 05.07–12.07.2026 | 186 € | 155 € | 175 € | 146 € | 164 € | 137 € |
| 10.07–17.07.2026 | 12.07–19.07.2026 | 197 € | 165 € | 186 € | 155 € | 175 € | 146 € |
| 17.07–24.07.2026 | 19.07–26.07.2026 | 208 € | 174 € | 197 € | 165 € | 182 € | 152 € |
| 24.07–31.07.2026 | 26.07–02.08.2026 | 219 € | 183 € | 208 € | 174 € | 182 € | 152 € |
| 31.07–07.08.2026 | 02.08–09.08.2026 | 219 € | 183 € | 208 € | 174 € | 182 € | 152 € |
| 07.08–14.08.2026 | 09.08–16.08.2026 | 219 € | 183 € | 208 € | 174 € | 182 € | 152 € |
| 14.08–21.08.2026 | 16.08–23.08.2026 | 219 € | 183 € | 208 € | 174 € | 182 € | 152 € |
| 21.08–28.08.2026 | 23.08–30.08.2026 | 197 € | 175 € | 186 € | 165 € | 182 € | 152 € |
| 28.08–04.09.2026 | 30.08–06.09.2026 | 175 € | 146 € | 164 € | 137 € | 143 € | 120 € |
| 04.09–11.09.2026 | 06.09–13.09.2026 | 142 € | 119 € | 131 € | 109 € | 110 € | 92 € |
| 11.09–18.09.2026 | 13.09–20.09.2026 | 120 € | 100 € | 109 € | 91 € | 98 € | 82 € |
| 18.09–25.09.2026 | 20.09–27.09.2026 | 79 € | 79 € | 79 € | 79 € | 79 € | 79 € |
| 25.09–02.10.2026 | 27.09–04.10.2026 | 69 € | 69 € | 69 € | 69 € | 69 € | 69 € |
Цените се изразени во евра. Уплата се врши во денарска противвредност по курс 1 € = 62 мкд.
Што е вклучено во цената
- 7 ноќевања во Хотел Moyses (цени по лице, без појадок).
- Вклучен автобуски превоз од Скопје, Велес, Неготино и Гевгелија.
- Користење на базен во хотелот.
- Користење на Wi-Fi (организаторот не гарантира за квалитетот на интернетот).
Што не е вклучено во цената
- Доплата за туристичка такса – 14 € по соба за престој (се плаќа на рецепција).
- Патничко осигурување – задолжително, не е вклучено во цената.
- Доплата за клима уред – 7 € од ден по соба.
- Други лични трошоци.
Важно напомени
- Во апартманите е дозволено сместување на лица согласно бројот на кревети.
- Над дозволениот број може, на дополнително барање, да се смести максимум едно дете до 5,99 години.
- ПРОМО цените за Black November важат исклучиво со целосна уплата.
- Кога цените се ПРОМО, за уплата на два последователни термини се рачунат две ПРОМО цени.
- За споен термин по редовните цени, на вториот термин се добива 10% попуст.
- Попустите не се комбинираат.
- Патничко осигурување е задолжително и не е вклучено во цената.
- Сместување во собите е по 14:00 часот (локално време), а напуштање на истите е до 09:00 часот.
- По завршување на летувањето, должни сте да го оставите апартманот во чиста состојба.
- Доколку настане штета за време на престојот, истата се надоместува на лице место кај сопственикот.
- Патникот има обврска да ја провери важноста и исправноста на патните исправи; поради тоа не може да се направи промена на термин.
- За време на патувањето ќе бидат запазени сите пропишани протоколи, задолжителна дезинфекција и одржување.
- Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на Ultra First или Last Minute понуда да објави и продаде слободни капацитети по цени различни од оние во ценовникот.









