02 3229 922 / 034 345 212
Побарајте не
Види ги сите фотографии

Korab Trnica

Покажи на Мапа
Мапа
  • Само Хотел
  • Чартер програми
Датум на пријавување
Датум на одјавување
Патници
2
Возрасни
2
Деца
0
Години на Дете
Додади Соба
Резултати ....... Ве молиме да почекате....
Резултатот не е пронајден, се извинуваме
Не можевме да најдеме резултати за вашето пребарување. Пробајте да ги промените датумите или вашата област за пребарување, можеме да помогнеме подобро.#
Информации за хотелот
Дополнителни информации

Посебен акцент ставаме на нашиот ресторан Кораб Трница во кои гостите можат да ги пробаат највкусните традиционални специјалитети како: надалеку познатиот качамак со кисело млеко, ѓомлезе, реканските пити, трничка тава..


Нашиот сместувачки капацитет се состои од:
 - двокреветни соби  
- трокреветна соба  
- апартман 
-вип апартман 
- голем апартман за 8 лица кој се состои од две спални соби со по еден голем кревет за две лица, голема дневна соба со софа, терпезарија и 4 единечни кревети. 
-планински куќички 
За хотелот:

Во срцето на Горна Река, меѓу високите Кораб, Шара и Бистра, кај многуте расфрлени планински рекички и Радика, меѓу зимзелените дрвја и секвојата што гордо ве пречекува, се наоѓа комплексот „Кораб Трница“. Комплексот е оддалечен 5 (пет) километри од Мавровско Езеро, на патот кон Дебар.

Комплексот им нуди на гостите можност за одмор во  апартмани, соби  и планински куќички со прекрасен поглед кон падините на Кораб, Шара и Бистра

За гостите комплексот нуди бесплатно користење на велосипедите и риболовна опрема. Располагаме и со сопствени коњи и организираме тури за јавање за почетници.. Во комплексот има пешачки патеки и игралиште за деца. За авантуристите, во близина на овие објекти постои и посебен простор за кампување и за шатори, кој е опремен со комплетна инфраструктура.Овој комплекс, освен со сместувачките капацитети, располага и со простории за состаноци и за деловни состаноци.