02 3229 922 / 034 345 212
Побарајте не
Погледни ги сите слики

Будимпешта 29 Мај

Дата на Патување
Патници
2 Гости
Возрасни
2
Дете
0
Години на детето
Резултати ....... Ве молиме да почекате....
  • Општи информации
  • Галерија
Дополнителни информации

 

БУДИМПЕШТА
(29.05./3 ноќевања/ финале на Лига на Шампиони)

(29.05.2026 - петок) | Скопје - Будимпешта

Состанок со групата на меѓународниот аеродром во Скопјe во 09:55 часот. Полетување за Будимпешта во 11:55 часот. Слетување во Будимпешта во 13:20 часот. Орагнизиран трасфер до хотелот .Сместување во хотел.Ноќевање.

 

(30.05.2026 - сабота) | Будимпешта – разглед

Појадок. После појадокот следува разглед на Будимпешта (пешки и јавен трансфер)... Посета на Црквата

Св.Стефан, улиците Андраши, Ракоци и Ваци,.. продолжуваме од Пешта кон Будим да ја посетиме познатата Рибарска тврдина и околните објекти.Слободно време во центар, да ја осетиме фудбалската атмосфера која ќе владее по завршувањето на финалето - Лига на Шампиони.Враќање во хотел. Ноќевање.

 

(31.05.2026 - недела) | БУДИМПЕШТА – Сент Андреа - крстарење

Појадок. По појадокот се упатуваме на полудневна прошетка до живописното гратче Сент Андреа, во близината на Будимпешта, во кое се негуваат старата архитектура и народни ракотворби и кое е богато со голем број винотеки, рибни ресторани, музеи, галерии и цркви. Следува разглед на градчето заедно со представникот од агенцијата...Слободно време за индивидуални прошетки и кафе . Во договорено време враќање назад во Будимпешта.Во попладневните часови е предвидено крстарење по Дунав (факултативно), прекрасен разглед на градот од брод. Слободно време во центарот на градот. Враќање во хотел. Ноќевање.

 

(01.06.2026 - понеделник) | Будимпешта – Скопје

Појадок. Напуштање на собите и во договорено време следи трансфер кон аеродромот.Полетување за Скопје во 13:55 часот. Слетување во Скопје во 15:20 часот.

 

ПРОМОТИВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ  399
(за првите 6 места)
РЕДОВНА ЦЕНА ПО ЛИЦЕ :
449

Во цената на аранжманот е вклучено:

· Директен лет на релација Скопје - Будимпешта - Скопје со авиокомпанијата Wizz Air;

· Мала кабинска торба до 8 килограми со димензии 40 x 30 x 25 cm;

· Сместување во двокреветни соби во хотел City Budget Hotel- 3 ноќевања со појадок;

· Трансфер аеродром - хотел - аеродром

· Пешачки разглед со локален водич;

· Организација на аранжманот и придружник на патувањето;

 

Во цената на аранжманот не е вклучено:

 

  • Крстарење со брод по Дунав – 20 €;
  • Факултативна посета на Сент Андреа – 40 €;
  • Туристичка такса 9 € по лице, за цел престој (се плаќа во агенција)
  • Влезници за музеите и културно - историските споменици;
  • Задолжително патничко - здравствено осигурување;
  • Доплата за еднокреветна соба;

 

 

 

НАПОМЕНА:

· Пријавување на факултативи во агенција

· Факултативите се реализираат со јавен трансфер, кој што не е вклучен во цената

· Минимум пријавени патници за реализација - 16

Општи напомени:

· Организатор на аранжманот е Т.А. АтлантиС;

· Резервација се прави со уплата на 30% од вкупнот износ на аранжманот;

· Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот;

· Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд;

· За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 16 патника;

· За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот;

· Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозотили хотелот;

· Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот;

· Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите;

· За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата;

· Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата;

· Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и слично.


За оваа програма важат општите услови за патување на СКТМ и Т.А. АтлантиС

 

 

 

 

 

Фото Галерија
📲 Viber 💬 WhatsApp 📞 Call Instagram TikTok