АГИОС ЈОАНИС – ПЕЛИОН 2026
Општа програма • 7 ноќевања • секој Понеделник
Агиос Јоанис се наоѓа на северната страна на Пелион, на околу 52 км од Волос и претставува едно од најубавите летувалишта во регионот. Местото е познато по долгата песочна плажа, кристално чистото море и уникатната комбинација од зелена природа и тиркизна вода.
Дрвјата и морето создаваат пејзаж од соништата, а делови од плажата имаат и карпи што ја прават уште поинтересна. Поради својата убавина, оваа дестинација привлекува илјадници туристи секое лето.
По должината на плажата има шеталиште со таверни, кафулиња и барови, каде може да се ужива во традиционална грчка кујна. Малото пристаниште со рибарски чамци и јахти дополнително ја збогатува атмосферата.
План и програма
7 ноќевања започнувајќи секој Понеделник
За патниците кои користат организиран превоз поаѓањето е рано наутро околу 03:00 часот.
Што е вклучено
- 7 ноќевања
- Услуга според избор(Појадок)
Што не е вклучено
- Превоз ~50 € за возрасен
- Превоз за дете ~35 €
- Туристичка такса
- Клима(се доплаќа)
- Патничко осигурување
- Индивидуални трошоци
- Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот.
- Цените се изразени во евра, а уплата се врши исклучиво во денарска противвредност (1 еур = 62 мкд).
- Во апартманите/студиата дозволено е сместување на лица, согласно бројот на кревети.
- Над дозволениот број, може на дополнително барање, да се смести максимум едно дете до 5.99 год.
- Кога се цените ПРОМО за уплата на два последователни термини, се рачунат две промо цени.
- За споен термин по редовните цени, на вториот термин се добива 10% попуст.
- Попустите не се комбинираат.
- Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на Ultra First или Last minute понуда, по цени кои се разликуваат од оние кои се објавени во ценовникот.
- Патничко осигурување е задолжително и не е вклучено во цена.
- Сместување во собите е по 14:00 час. (локално време), а напуштање на истите е до 09:00 час.
- По завршување на летувањето, должни сте да го оставите апартманот во чиста состојба.
- Доколку настане штета за време на престојот, истата се надоместува на лице место кај сопственикот на објектот.
- Во цената е вклучено користење на Wi-Fi (организаторот не гарантира за квалитетот на интернетот).
- Патникот има обврска да ја провери важноста и исправноста на патните исправи, поради кое не може да се направи промена на термин.
- За време на патувањето ќе бидат запазени сите протоколи, задолжителна дезинфекција и одржување.
- За ова патување важат општите услови на Т.А. Ескејп Травел.