✈️ ЛЕТ
Wizz Air
🏨 СМЕСТУВАЊЕHotel Biscardi 4★ во Бари
🍳 УСЛУГА
3 ноќевања со појадок
🚌 ТРАНСФЕР
Аеродром – хотел – аеродром
Бари – бисерот на јужна Италија
Бари е шармантен медитерански град
сместен на брегот на Јадранското Море,
познат по својата автентична италијанска атмосфера,
тесните улички, прекрасното старо градско јадро
и одличната гастрономија.
Градот претставува совршена комбинација
од историја, море, култура
и јужњачки италијански дух.
Регионот Апулија нуди и неверојатни места
како бајковитото Алберобело
со уникатните „трули“ куќички,
романтичното Полињано а Маре
сместено на карпи над морето
и магичната Матера –
еден од најстарите населени градови во светот
и дел од светското наследство на UNESCO.
Програма на патувањето
ДЕН
1
10.10.2026 | САБОТА
СКОПЈЕ – БАРИ
Состанок на групата на скопскиот аеродром
два часа пред полетување.
Полетување од Скопје во
21:55 часот.
Слетување во Бари во
23:05 часот.
По пасошките и царинските формалности
следува организиран трансфер до хотелот.
Сместување во хотел.
Ноќевање.
ДЕН
2
11.10.2026 | НЕДЕЛА
БАРИ – ПОЛИЊАНО А МАРЕ – АЛБЕРОБЕЛО
Појадок во хотел.
Предлог за денешниот ден е
факултативна посета на
Алберобело и Полињано а Маре.
Алберобело
Алберобело е светски познат
по уникатните куќички
„трули“
со карактеристични конусни покриви.
Тие претставуваат еден од најпознатите
примери на италијанската народна архитектура.
Локалните жители ја развиле оваа форма
на привремени камени куќи
во период кога сакале да избегнат
високи плаќања кон тогашните владетели.
Благодарение на оригиналноста
и зачуваноста на овие градби,
Алберобело е дел од
светското наследство на UNESCO.
Полињано а Маре
Полињано а Маре е едно од најубавите
приморски гратчиња во Пуља,
познато по прекрасната положба
на карпите над Јадранското Море.
Камените улици,
мирните плоштади
и мистичните морски пештери
му даваат посебен шарм на градот.
По посетите,
враќање назад во Бари
и слободно време за индивидуални прошетки.
Ноќевање.
ДЕН
3
12.10.2026 | ПОНЕДЕЛНИК
БАРИ – МАТЕРА
Појадок во хотел.
Предлог за денешниот ден е
факултативна посета на
Матера.
Следува возење низ живописната природа
до овој уникатен град,
кој во 2019 година бил
Европска престолнина на културата.
Матера е дел од
светското наследство на UNESCO
и е позната по својата
исклучително стара архитектура.
Интересно за градот е што
многу локални жители живеат
во простори кои потекнуваат
од домовите на нивните предци,
изградени пред повеќе од
9.000 години.
Благодарение на својата местоположба,
Матера успеала да го зачува
својот стар изглед низ вековите.
Слободно време за индивидуални прошетки.
Во договорено време
враќање во Бари.
Ноќевање.
ДЕН
4
13.10.2026 | ВТОРНИК
БАРИ – СКОПЈЕ
Одјавување од хотелот.
Последниот ден е наменет
за разгледување и уживање во Бари.
Следува прошетка низ историскиот дел на градот,
каде ќе ја разгледаме
Базиликата Св. Никола,
во која се наоѓаат моштите
на истоимениот светец.
Ќе прошетаме по
камените тесни улички на стариот град
и ќе имаме можност да видиме
како локалните жители рачно
ги изработуваат познатите
Orecchiette –
традиционални тестенини
во различни форми и бои.
Слободно време за ручек,
кафе и индивидуални прошетки.
Во договореното време
следува организиран трансфер
до аеродромот.
Полетување за Скопје во
22:40 часот.
Важна напомена за екскурзиите
Клиентите треба да се изјаснат
за дополнителните екскурзии
при резервација на патувањето.
Реализацијата на екскурзиите
зависи од бројот на пријавени патници.
-
Минимум
16 пријавени патници
за реализација
Реализацијата на основната програма
не зависи од реализацијата
на дополнителните екскурзии.