02 3229 922 / 034 345 212
Побарајте не
Погледни ги сите слики

Барселона - ноември

Дата на Патување
Патници
2 Гости
Возрасни
2
Дете
0
Години на детето
Резултати ....... Ве молиме да почекате....
  • Општи информации
  • Галерија
Дополнителни информации

БАРСЕЛОНА

Медитерански шарм, Гауди и незаборавна атмосфера
14.11.2026 – 17.11.2026
4 дена / 3 ноќевања
ПРОМОТИВНА ЦЕНА 459 €
по лице • за првите 8 лица
РЕДОВНА ЦЕНА 499 €
по лице
✈️ АВИО ПРЕВОЗ Скопје – Барселона – Скопје
🏨 ХОТЕЛ Hotel Best Auto Hogar 3★
🍳 УСЛУГА 3 ноќевања со појадок
🚌 ТРАНСФЕР Аеродром – хотел – аеродром

Барселона – град на уметност, море и архитектура

Барселона е еден од најживите и најпосетените градови во Шпанија, познат по својата уникатна архитектура, медитеранска атмосфера, плажи и одлична гастрономија.

Градот совршено ги спојува историјата, уметноста и модерниот начин на живот, што го прави една од најомилените европски туристички дестинации.

Во Барселона се наоѓаат ремек-делата на Antoni Gaudí, меѓу кои Sagrada Família, Park Güell и Casa Batlló.

Градот нуди и прекрасни плажи, познатото шеталиште La Rambla, одлична гастрономија и богат ноќен живот.

Барселона е идеална и за љубителите на спортот, како дом на легендарниот FC Barcelona и стадионот Spotify Camp Nou.

Програма на патувањето

ДЕН 1
14.11.2026 | САБОТА
СКОПЈЕ – БАРСЕЛОНА

Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 10:35 часот.

Полетување за Барселона во 12:35 часот.

Пристигнување во Барселона во 15:30 часот.

По пристигнувањето следува организиран трансфер до хотелот и сместување.

Во попладневните часови препорачуваме индивидуална посета на Шпанскиот плоштад и Магичните фонтани.

Ноќевање.

ДЕН 2
15.11.2026 | НЕДЕЛА
БАРСЕЛОНА – ПЕШАЧКИ РАЗГЛЕД – PARK GÜELL

Појадок во хотел.

Пешачки разглед на Барселона

Предвидена е можност за организиран пешачки разглед низ Готскиот кварт – Barri Gòtic, историското срце на Барселона.

Квартот е познат по лавиринтот од тесни средновековни улици, римските остатоци и живописните плоштади.

Се наоѓа во областа Ciutat Vella, помеѓу La Rambla и Via Laietana.

За време на разгледот ќе имаме можност да видиме дел од најпознатите знаменитости:

  • Катедралата во Барселона
  • Plaça Reial
  • Еврејскиот кварт – El Call

Sagrada Família

Потоа со метро се упатуваме кон катедралата Sagrada Família, едно од најпрепознатливите дела на Антони Гауди.

Слободно време за фотографирање, кафе-пауза и ручек.

Park Güell

Во попладневните часови е предвидена можност за индивидуална посета на Park Güell.

Паркот е едно од најпознатите ремек-дела на Antoni Gaudí и место каде неговата идеја за единството на уметноста и природата доаѓа до полн израз.

Индивидуално враќање во хотел. Ноќевање.

ДЕН 3
16.11.2026 | ПОНЕДЕЛНИК
ЦИТАДЕЛА – ШПАНСКО СЕЛО – ТИБИДАБО – ФЛАМЕНКО

Појадок во хотел.

Денешниот ден е предвиден за можност за факултативна посета на три од најпознатите паркови и атракции во Барселона.

Парк Цитадела

Посетата започнува со Паркот Цитадела, еден од најпознатите зелени простори во градот.

Шпанско село

Потоа се упатуваме кон Шпанското село, музеј на отворено создаден во првата половина на XX век.

Комплексот бил создаден како изложба чија цел била да ги прикаже основните архитектонски карактеристики и разновидноста на различните региони во Шпанија.

Тибидабо

За крај се упатуваме кон Тибидабо, од каде се отвора еден од најубавите панорамски погледи кон Барселона.

По приближно 6-часовната обиколка следува слободно време за индивидуални активности.

Враќање во хотел со метро.

Фламенко вечер

Во вечерните часови можност за организирана факултативна Фламенко вечер.

Ќе имате можност да уживате во автентично фламенко шоу и уникатната шпанска атмосфера.

Враќање во хотел со метро. Ноќевање.

ДЕН 4
17.11.2026 | ВТОРНИК
БАРСЕЛОНА – СКОПЈЕ

Појадок во хотел.

Слободно време за индивидуални прошетки и последно уживање во Барселона.

Во договорено време следува организиран трансфер до аеродромот.

Полетување за Скопје во 16:00 часот.

Пристигнување во Скопје во 18:45 часот.

Во цената е вклучено

✈️ Лет и трансфери

  • Авио билет Скопје – Барселона – Скопје
  • Рачен багаж до 8 kg
  • Организирани трансфери аеродром – хотел – аеродром

🏨 Сместување и организација

  • Сместување во Hotel Best Auto Hogar 3★
  • Хотел во централно подрачје
  • 3 ноќевања со појадок
  • Организирани прошетки според програмата со придружник од агенцијата
  • Организација на аранжманот
  • Придружник на патувањето

Во цената не е вклучено

  • Чекиран багаж – цената се утврдува 3–4 дена пред полетување
  • Туристичка такса – 5 € по лице / ден – се плаќа во агенција
  • Билети за јавен превоз со метро
  • Патничко осигурување
  • Доплата за еднокреветна соба – 120 €
  • Организиран разглед на Барселона со локален водич – 35 €
  • Посета на парковите Цитадела, Шпанско село и Тибидабо – 80 €
  • Индивидуална посета на Park Güell – 28 €
  • Фламенко шоу со пијалок – 55 €
  • Задолжително пријавување на две факултативни посети

Факултативни посети

РАЗГЛЕД НА БАРСЕЛОНА СО ЛОКАЛЕН ВОДИЧ

35 €

Организиран пешачки разглед низ историскиот дел на Барселона со локален водич.

Во рамките на разгледот се предвидуваат дел од најпознатите места во Готскиот кварт.

3 ПАРКА НА БАРСЕЛОНА

80 €

Факултативната посета опфаќа:

  • Парк Цитадела
  • Шпанско село
  • Тибидабо

Во цената се вклучени:

  • организиран трансфер
  • водич
  • влезници

PARK GÜELL

28 €

Индивидуална посета на едно од најпознатите ремек-дела на Antoni Gaudí.

Во цената е вклучена влезницата.

ФЛАМЕНКО ШОУ

55 €

Организирана вечер со автентично фламенко шоу.

Во цената е вклучен пијалок.

ЗАДОЛЖИТЕЛНО ПРИЈАВУВАЊЕ НА ДВЕ ФАКУЛТАТИВНИ ПОСЕТИ!

Важна напомена за факултативите

Поради потребата од навремено резервирање на трансфери и влезници за наведените факултативи, клиентите мора да се изјаснат за истите при резервација на патувањето.

Реализацијата на факултативите зависи од:

  • минимум 16 пријавени патници
  • достапност на влезници во моментот на резервација

Не се гарантира влез доколку клиентот се одлучи за факултативна посета дури на лице место.

Реализацијата на основната програма не зависи од реализацијата на факултативните посети.

Патни документи

За патувањето е потребен важечки пасош со важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот.

Начин на плаќање

Резервација

30% од вкупниот износ на аранжманот.

Целосна уплата

Најдоцна 15 дена пред почетокот на патувањето.

Цените се изразени во евра, а уплатата се врши во денарска противвредност по курс: 1 € = 62 денари.

Општи напомени

  • Организатор на аранжманот е ТА Атлантис.
  • За реализација на аранжманот се потребни минимум 20 пријавени патници.
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот.
  • Во случај на недоволен број пријавени патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот во целост 5 дена пред датумот на започнување.
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети во случај на промена на цените на влезниците на локалитетите и музеите.
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети во внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен доколку тоа не е посебно наведено.
  • Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на реализација на програмата.
  • Организаторот го задржува правото на промена на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвидени за посета и слично.
За оваа програма важат Општите услови за патување на СКТМ и Т.А. Атлантис.
Фото Галерија