- Работно време од 08:00 - 18:00
- #B2CHeaderEmailAddress#
Будимпешта 23ти Октомври (авио)
- Општи информации
- Галерија
БУДИМПЕШТА
Будимпешта – Кралицата на Дунав
Будимпешта е еден од најубавите и најромантичните европски градови, познат по својата архитектура, богата историја и уникатна атмосфера.
Поделена од величествениот Дунав на Будим и Пешта, унгарската престолнина нуди совршен спој на старо и модерно – импозантни мостови, раскошни палати, живописни улици, традиционални чарди и модерни кафулиња.
Градот е познат по Парламентот, Рибарската тврдина, Базиликата Св. Стефан, термалните бањи и незаборавните вечерни панорами. Будимпешта е идеална дестинација за уживање, шопинг, добра храна и европски шарм по пристапни цени.
Програма на патувањето
Состанок со групата на Меѓународниот аеродром во Скопје во 09:55 часот.
Полетување за Будимпешта во 11:55 часот.
Слетување во Будимпешта во 13:20 часот.
По пристигнувањето следува организиран разглед на градот со локален водич.
Во рамки на разгледот се предвидени: Црквата Св. Стефан, улицата Андраши, Ракоци, Ваци и други знаменитости во централниот дел на Будимпешта.
По разгледот следува сместување во хотел и слободно време за индивидуални прошетки.
Ноќевање.
Појадок во хотел.
По појадокот следува слободно време или можност за факултативна полудневна посета на Сент Андреа.
Сент Андреа
Сент Андреа е живописно гратче во непосредна близина на Будимпешта, познато по старата архитектура и традиционалните народни ракотворби.
Гратчето е богато со винотеки, рибни ресторани, музеи, галерии и цркви.
Следува разглед на градчето со претставник на агенцијата, а потоа слободно време за индивидуална прошетка и кафе.
Во договорено време, враќање назад во Будимпешта.
Крстарење по Дунав
Во вечерните часови можност за едночасовно крстарење по Дунав и уживање во прекрасната вечерна панорама на Будимпешта.
Враќање во хотел. Ноќевање.
Појадок во хотел.
По појадокот следува слободно време за индивидуални прошетки низ Будимпешта или можност за целодневна факултативна посета на Виена.
Виена
За време на посетата се предвидува прошетка покрај и низ:
- Операта
- Парламентот
- Општината – Rathaus
- Музејот на модерна уметност
- Градската палата
- Универзитетот
- Катедралата Св. Стефан
- Зимскиот дворец Hofburg
Следува слободно време за индивидуални прошетки во центарот на Виена.
Во договорено време, враќање кон Будимпешта.
Ноќевање.
Појадок во хотел.
Напуштање на собите и во договорено време организиран трансфер до аеродромот.
Полетување за Скопје во 13:55 часот.
Слетување во Скопје во 15:20 часот.
Во цената е вклучено
✈️ Лет и трансфери
- Директен лет Скопје – Будимпешта – Скопје со Wizz Air
- Мала кабинска торба до 8 kg
- Димензии на кабинска торба: 40 × 30 × 25 cm
- Трансфер аеродром – хотел – аеродром
🏨 Сместување и организација
- Сместување во двокреветни соби
- 3 ноќевања со појадок
- Пешачки разглед со локален водич
- Организација на аранжманот
- Придружник на патувањето
Дополнителни екскурзии
СЕНТ АНДРЕА
Полудневна посета на живописното гратче Сент Андреа со разглед и слободно време за индивидуални прошетки.
ВИЕНА
Целодневна посета на Виена со разглед на главните знаменитости и слободно време во центарот.
КРСТАРЕЊЕ ПО ДУНАВ
Едночасовно вечерно крстарење со поглед кон осветлената Будимпешта.
ЕДНОКРЕВЕТНА СОБА
Доплата за сместување во еднокреветна соба.
Важна напомена за екскурзиите
Поради потребата од навремено резервирање на трансфери и влезници, клиентите мора да се изјаснат за дополнителните екскурзии при резервација на патувањето.
Реализацијата на екскурзиите зависи од:
- минимум 16 пријавени патници
- достапност на влезници во моментот на резервација
Не се гарантира реализација доколку клиентот се одлучи за посета дури на лице место.
Реализацијата на основната програма не зависи од реализацијата на дополнителните екскурзии.
Во цената не е вклучено
- Посета на Сент Андреа – 35 €
- Посета на Виена – 45 €
- Крстарење со брод по Дунав – 25 €
- Туристичка такса – 12 € по лице за целиот престој, се плаќа во агенција
- Влезници за музеи и културно-историски споменици
- Задолжително патничко-здравствено осигурување
- Доплата за еднокреветна соба – 96 €
Патни документи
За патувањето е потребен важечки пасош со важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот.
Начин на плаќање
Резервација
30% од вкупниот износ на аранжманот.
Целосна уплата
Најдоцна 15 дена пред почетокот на патувањето.
Општи напомени
- Организатор на аранжманот е ТА Атлантис.
- За реализација на аранжманот се потребни минимум 20 пријавени патници.
- Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот.
- Во случај на недоволен број пријавени патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот во целост 5 дена пред датумот на започнување.
- Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети во случај на промена на цените на влезниците за локалитетите и музеите.
- За време на разгледите не се предвидени посети во внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен доколку тоа не е посебно наведено.
- Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на реализација на програмата.
- Организаторот го задржува правото на промена на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвидени за посета и слично.








