ЕКСКУРЗИЈА ВО ИСЛАНД со директен чартер лет од Софија
„ЛЕДЕНАТА ЗЕМЈА”
01.10.2021г.
- 06.10.2021г.
5 ноќевања / 6 дена
* Вклучена програма
за екскурзија до најинтересните и незаборавни културни и природни локалитети во
Исланд!
* Вклучен разглед на Рејкјавик
* Вклучена посета на Златниот круг
* Вклучена посета на Националниот парк Ватнајокул
* Вклучена посета на Јужен Исланд
* Вклучена посета на Полуостровот Рејкјанес со билет за едно од најголемите
природни чуда на Исланд - геотермалната област Сина лагуна
Опкружен со
мистиката на северните народи, Исланд е една од најинтересните земји во Европа.
Ако некаде на стариот континент сеуште постои релативно чиста природа, таа е
тука. Глечерите и топлите извори, моќните вулкани и водопадите, планините
покриени со снег и зелените долини, замрзнати од ситна магла или осветлени со
светло виножито, коегзистираат во целосна хармонија на островот. Секогаш кога
ќе го посетите Исланд, ќе откриете нов свет исполнет со неверојатни пејсажи,
форми и впечатоци. Не е случајно што во последниве години е една од
најпопуларните туристички дестинации во светот и сезоната за посета на островот
е преку целата година.
ПАКЕТНИ ЦЕНИ :
СМЕСТУВАЊЕ
|
Сместување во 3* хотел в Рејкјавик
|
Сместување во 4* хотел в Рејкјавик
|
Цена по лице во
двокреветна соба
|
1575 евро
|
1779 евро
|
Цена во
еднокреветна соба
|
1875 евро
|
2279 евро
|
Хотели што се користат во рамките на
програмата (или слични на наведените):
Рејкјавик
- хотел Smari 3*. Се наоѓа во близина на Рејкјавик, во областа
Копавогур. Трговскиот центар Смаралинд е на 3 минути пешачење. Собите се скромни,
погодни за богати програми со екскурзии, во кои туристите минуваат мал дел од
времето во хотелот.
Рејкјавик
- хотел Marina
4*. Се наоѓа во центарот на Рејкјавик, во
близина на пристаништето и повеќето ресторани. Собите
се нови, модерни и удобно опремени, имаат ТВ, телефон, бесплатен безжичен
интернет, апарати за правење чај и кафе, бања, фен за коса.
Kaлфафетл
- Foss Hotel
Nupar. Се наоѓа на
тивка локација на југоисток од Исланд. Опкружен е со прекрасна природа со неверојатен
поглед на глечерот Вајтнајокул. Собите се опремени со апарати за правење чај и
кафе, бања, фен.
Цената вклучува:
-
Авионски билет со авиокомпанија со АLК со вклучени аеродромски такси, чекиран багаж до 20 кг
и рачен багаж;
- 5
ноќевања во споменатите хотели на база ноќевање со појадок;
-
Трансфери аеродром - хотел - аеродром;
-
Превоз со автобус според опишаната програма;
-
Водич - преведувач од тур -оператор;
-
Водење услуги според опишаната програма;
-
Влезен билет за Сината лагуна со вклучени крпи.
Цената НЕ вклучува:
- Лични трошоци;
- Екскурзија за гледање китови - 110 евпа за возрасни и 55 евра за деца под
11 години;
- Патување со брод по езерото Јокулсарлон - 50 евра за возрасни и 20 евра
за деца до 11 години.
Вид превоз
|
Категорија
|
Дата
|
Место
|
Час
|
Место
|
Час
|
Паузи помеѓу лет
|
авион
|
Економска класа
|
01.10.2021
|
Софија
|
06:00
|
Рејкјавик
|
10:00
|
Да
|
авион
|
Економска класа
|
06.10.2021
|
Рејкјавик
|
17:00
|
Софија
|
03:00+1
|
Да
|
Услови:
·
При
резервација се плаќа депозит од 200 евра;
·
Доплата
45 дена пред датумот на поаѓање;
·
Понудата
важи за минимум 25 регистрирани туристи;
·
Краен
рок за известување за недоволен број на патници - 30 дена пред датумот на
поаѓање;
·
Туроператорот
го задржува правото да го промени редоследот на спроведување на програмските
активности.
Потребни документи:
·
Меѓународен
пасош со важност од 6 месеци по датумот на враќање.
·
За
деца до 18 години кои патуваат со или без родител, потврда заверена на нотар од
едниот или двата родители!
Во случај КОРИСНИКОТ
доброволно да го прекине своето патување за време на неговото траење, сите
дополнителни трошоци, вклучително и превозот, се на негова сметка.
КОРИСНИКОТ има право да го
пренесе своето право на патување на трета страна навреме според спецификите на
дестинацијата, издавање авионски билети за меѓународни летови и најдоцна до
01.09.2021 година, и се обврзува да му плати на ТУР -ОПЕРАТОРОТ само доспеаните
износи поврзано со можното повторно издавање на билети.
Патувањето НЕ е соодветно за
луѓе со намалена подвижност.
Рокови за откажување и пенали:
·
Отказ
повеќе од 60 дена пред датумот на поаѓање - не се одбиваат пенали;
·
Помеѓу
59 -тиот и 44 -тиот ден пред датумот на поаѓање, се одбива износот на
уплатениот депозит;
·
За
помалку од 43 дена се задржува 100% од вредноста на патувањето.
Важни информации:
https://www.covid.is/categories/travel-to-and-within-iceland
ПРОТОКОЛИ ЗА ВЛЕЗ ВО МАКЕДОНИЈА
Во делот на мерките поврзани со патувања на граѓаните со важност од 01.09.2021г. се додава точка 14, со која при влез во државата сите лица (домашни и странски) треба да приложат еден од следните документи:
- Сертификат / потврда за извршена имунизација (вакцинација)од вирусот SARS-CoV-2, односно примени најмалку 2 дози на вакцина против COVID-19;
- Сертификат /потврда за прележан COVID-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето;
- Медицинска потврда со негативен резултат од RT PCR SARS-CoV-2 тест,направен во рок од најмногу 72 часа пред влез во нашата држава;
- Негативен резултат од брз Тест за Антиген направен во рок од најмногу 48 часа пред влез во нашата држава.
Патниците (над 18 години) кои немаат сертификат за извршена имунизација или за прележан COVID-19 во последните 45 дена, доколку не сакаат да бидат упатени во домашна изолација ќе треба да направат тест за време на престојот во странство непосредно пред враќањето за Македонија.