02 3229 922 / 034 345 212
Побарајте не
Погледни ги сите слики

Истанбул - 8 Декември (3 ноќи )

Дата на Патување
Патници
2 Гости
Возрасни
2
Дете
0
Години на детето
Резултати ....... Ве молиме да почекате....
  • Општи информации
  • Галерија
Дополнителни информации

Истанбул е Град на два континента, преку 20 милиони жители, историја, уметност, храна и многу приказни. Овој впечатлив град ги комбинира ориенталните и европските елементи на начин што ќе Ве поттикне да сакате да го истражувате и да дознаете што е можно повеќе за него. Градот отсекогаш бил, а и ден денес е истакнат центар на економијата, културата и трговијата, каде трговците, локалното население и туристите од сите различни делови на светот доаѓаат да го искусат егзотичното.  Многумина го нарекуваат и „Главниот град на светот“, други пак „Мостот помеѓу Европа и Азија“. Препознатлив по беспрекорната турска кујна, со уникатни рецепти како познатиот Искендер, сендвич со риба, баклава, ќунефе алва во боја и секако турски локум. Истанбул е град каде сите традиции се спојуваат во едно. Наполеон Бонапарта за Истанбул рекол: „Ако светот беше една држава, Истанбул ќе беше нејзиниот главен град”.

Што е вклучено во цената

-Три ноќевања и појадок во хотел со 2 или 3*

-Автобуски превоз

-Туристчка такса

-Туристички придружник

-Посета на Капали Чаршија

-Посета на турската продавница за слатки работи ,,Коска “

-Посета на аутлет трговски центар ,,212

-Превоз Скопје,Велес,Неготино,Гевгелија,Штип,Струмица,Прилеп и Битола

Што не е вклучено во цената

-Индивидуални трошоци

-Факултативни излети

-Патничко осигурување


Важно

Задолжителна проверка на пасошот.

Не треба да е на 6 месеци пред истекување од моментот на влез и излез од Р. Турција и да е од новите пасоши со Р.С.Македонија.

МОЖНОСТ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ВРЕДНОСНИТЕ ВАУЧЕРИ (од изминатата една година) ЗА ОТКАЖАНИТЕ АРАНЖМАНИ

Цените се изразени во евра, а курсот на еврото се пресметува 62 денари.

За сингл соба се доплаќаат 40 евра дополнително од аранжманот поради вториот кревет.

СЕКОЈ ПАТНИК ИМА ПРАВО НА ЕДЕН КУФЕР И РАЧЕН БАГАЖ.

Деца од 0 – 2,99 години бесплатно (спијат во кревет со родител)
Деца од 3 до 11,99 години плаќаат 50% од износот на аранжманот доколку се придружувани со двајца возрасни
Дете до 12 години придружувано со едно возрасно лице плаќа 100% од сумата на аранжманот.

Хотелот одредува на лице место во зависност од моменталната состојба каков тип на соба ќе добиете.

Резервации за одреден кат или страна не е можна.

Селекција на седиште во автобус! Според правилата на агенцијата, патниците се сместуваат според временската линија на уплати.
Доколку имате барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за во два правци.
Патувањето ќе се реализира преку Република Грција до Турција

Организаторот на патувањето е одговорен за реализација на факултативните излети и програмата и истиот може да го промени редоследот на факултативните излети или да ја откаже реализацијата и да направи соодветна промена или замена за факултативен излет на некои од нив зависно од временските услови или од несакани ситуации како забрана за движење на определени места во одреден период.

Важат општите услови на ТА Атлантис

Фото Галерија