1.ден: Скопје – Кападокија
Пристигнување на аеродром 2 часа пред
лет за Кападокија, во 06:00 ч., полетување во 08:00 ч., односно согласно времето наведено во авионската карта.Слетување
во 15:20ч. По царински
формалности следи организиран трансфер до избраниот хотел и превземање на
собите според хотелските правила. Слободно време, ноќевање во хотел.
2 – 3
ден: Кападокија
Појадок во хотел. Слободно време за индивидуални активности, прошетки и
разгледи, шопинг и уживање. Можност за посета на факултативи со уплата на лице
место. Ноќевање во хотел.
Последен ден: Кападокија – Скопје
Рано одјавување на собите и трансфер до аеродром. Полетување од Кападокија во 13:45 ч. по локално време. Пристигнување
во Скопје во 15:55 ч.
Вклучено во цена:
-
- авио билет на реалција Скопје- Кападокија – Скппје,
- - багаж 20 кг ( само за термините во март )
- - аеродромски такси
- - 3 ноќевања со појадок во избраниот хотел
- - трансфер аеродром – хотел – аеродром
Во цената НЕ е вклучено :
-
- индивидуални трошоци
- - патничко осигурување
- - можност за организирање на факултативи (информации во агенција)
Напомени и услови за отказ на резервација:
- За резрвирање потребна е уплата од 100% од
вкупната сума на аранжманот.
- Дадените цени се за индивидуално
патување и истите се променлива во зависност од слободни места и цена на авио билетот како и слободни
места и цена на хотелот.
- Направените
резервации по оваа понуда се нерефундабилни и согласно тоа овде не важат
правилата за отказ според Општи услови на патување. Доколку истата се уплати и
потврди уплатените средства неможе да бидат вратени по ниеден основ вклучувајки
и позитивен PCR тест пред патување, или било која друга причина поради која би
се прекинало патувањето.
ВАЖНА НАПОМЕНА:
Патникот е должен непосредно пред патување да се
информира за правилата за влез во државата во која ќе патува од причина што
истите се променливи на дневно ниво и зависат од епидемиолошката состојба кај
нас и во државата во која се патува.
ПРОТОКОЛИ ЗА ВЛЕЗ ВО ТУРЦИЈА
Ве информираме дека при влез во Турција,
според Covid-19 протоколот потребно е да се приложи еден од следните документи:
1. За влез во државата, задолжителна е регистрација 48 часа
пред патувањет на https://register.health.gov.tr/
2. Приложување на сертификат за вакцинација
со поминати 14 дена од
втората доза
3. За деца под 6 години кои ги
придружуваат патниците не е потребен сертификат за вакцинација, но останува
задолжителната регистрација (од точка 1)
4. Влез со негативен PCR направен 72
часа пред патување или брз антиген тест направен 48 часа пред патување
ПРОТОКОЛИ ЗА ВЛЕЗ ВО МАКЕДОНИЈА
Во делот на мерките поврзани со патувања на граѓаните со важност од
01.09.2021г. се додава точка 14, со која при влез во државата сите лица
(домашни и странски) треба да приложат еден од следните документи:
- Сертификат / потврда за извршена имунизација (вакцинација)од
вирусот SARS-CoV-2, односно примени најмалку 2 дози на вакцина против
COVID-19;
- Сертификат /потврда за прележан COVID-19 во последните 45 дена,
сметајќи од денот на оздравувањето;
- Медицинска потврда со негативен резултат од RT PCR
SARS-CoV-2 тест,направен во рок од најмногу 72 часа пред влез во
нашата држава;
- Негативен резултат од брз Тест за Антиген направен во рок од најмногу 48 часа пред влез во нашата држава.
Патниците (над 18 години) кои немаат сертификат за извршена имунизација
или за прележан COVID-19 во последните 45 дена, доколку не сакаат да бидат
упатени во домашна изолација ќе треба да направат тест за време на
престојот во странство непосредно пред враќањето за Македонија.