02 3229 922 / 034 345 212
Побарајте не
Погледни ги сите слики

Малта - Ноември

Дата на Патување
Патници
2 Гости
Возрасни
2
Дете
0
Години на детето
Резултати ....... Ве молиме да почекате....
  • Општи информации
  • Галерија
Дополнителни информации

МАЛТА

Медитерански бисер со 7.000 години историја
06.11.2026 – 09.11.2026
4 дена / 3 ноќевања
ПРОМОТИВНА ЦЕНА 299 €
по лице • за првите 8 места
РЕДОВНА ЦЕНА 349 €
по лице
✈️ ДИРЕКТЕН ЛЕТ Скопје – Малта – Скопје
🏨 СМЕСТУВАЊЕ Хотел 3★ на Малта
🍳 УСЛУГА 3 ноќевања со појадок
🚌 ТРАНСФЕР Аеродром – хотел – аеродром

Малта – медитерански остров со посебен шарм

Малта и нејзините сестрински острови Гозо и Комино се лоцирани во центарот на Медитеранот и се познати по поволната клима, големиот број сончеви часови и кристално сините води.

Историското наследство на Малта сведочи за повеќе од 7.000 години цивилизација и бројни народи кои низ вековите оставиле свои траги на островот.

Посебен период во историјата на Малта е времето на витезите од редот на Свети Јован, чие наследство и денес може да се почувствува низ архитектурата, историските споменици и културните знаменитости.

Оваа необична мешавина од култури, историја, природни убавини и туристички атракции ѝ дава на Малта неповторлив медитерански шарм.

Програма на патувањето

ДЕН 1
06.11.2026 | ПЕТОК
СКОПЈЕ – МАЛТА

Состанок на групата на скопскиот аеродром 2 часа пред летот.

Полетување за Малта во 13:10 часот со директен лет на авиокомпанијата Wizz Air.

Пристигнување на аеродромот во Малта во 15:00 часот.

Следува организиран трансфер до хотелот.

Сместување во хотел. Слободно попладне.

Ноќевање.

ДЕН 2
07.11.2026 | САБОТА
МАЛТА – МДИНА – МОСТА – ВАЛЕТА

Појадок во хотел.

Предлагаме факултативна посета на Валета и централна Малта.

Мдина – Тивкиот град

Се упатуваме кон стариот главен град на островот – Мдина, познат и како „Тивкиот град“.

За време на прошетката низ тесните и живописни улички ќе дознаете интересни историски податоци за Малта.

Од градските ѕидини се отвора прекрасен панорамски поглед кон голем дел од островот.

Моста

Продолжуваме кон Моста, град познат по кружната црква Rotunda of St. Marija Assunta, изградена во XIX век по примерот на римскиот Пантеон.

Црквата е позната и по необичен настан од Втората светска војна, кога била погодена со бомба тешка околу 200 kg, која го пробила покривот, но не експлодирала.

Реплика од бомбата и денес се чува во црквата.

Валета

Во договорено време продолжуваме кон Валета на организиран разглед со локален водич.

Разгледот овозможува запознавање со градот изграден од витезите на Св. Јован.

Прошетката продолжува кон Upper Barrakka Gardens, од каде се отвора неверојатен поглед кон Grand Harbour.

St. John’s Co-Cathedral

Предвидена е и посета на Ко-катедралата St. John’s Co-Cathedral, дом на прочуеното дело на Caravaggio – „Обезглавувањето на Свети Јован“.

Слободно време за индивидуални активности низ Валета.

Индивидуално враќање во хотел. Ноќевање.

ДЕН 3
08.11.2026 | НЕДЕЛА
МАЛТА – ГОЗО

Појадок во хотел.

Можност за целодневен факултативен излет на островот Гозо, познат и како Calypso’s Island.

Гозо е вториот најголем остров во Малтешкиот архипелаг.

Victoria / Rabat

Поаѓање во утринските часови кон главниот и најнаселен град на островот – Victoria, во минатото познат како Rabat.

Цитаделата

Главната атракција е историската Цитадела, која се наоѓа на возвишение и нуди панорамски поглед од 360°.

Првите остатоци на градот датираат уште од неолитот, а првата тврдина започнале да ја градат Феничаните, по што била проширувана од Римјаните.

Денешниот изглед го добила околу XVII век, кога била довршена од витезите на Малтешкиот ред.

На местото каде некогаш се наоѓале три цркви денес е подигната импресивна катедрала, а во близина се наоѓа и археолошки музеј.

Xlendi

Продолжуваме кон познатото крајбрежно селце Xlendi.

Слободно време за индивидуални активности.

Базилика Ta' Pinu

Ќе ја посетиме и базиликата Ta' Pinu, позната како место на чудата и локација со богата историја и големо духовно значење.

Во договорено време враќање во хотел.

Слободно време. Ноќевање.

ДЕН 4
09.11.2026 | ПОНЕДЕЛНИК
МАЛТА – MARSAXLOKK – СКОПЈЕ

Појадок во хотел.

По појадокот следува можност за посета на Marsaxlokk.

Marsaxlokk

Marsaxlokk, се изговара „Марса-шлок“, во превод значи „јужно пристаниште“ и се наоѓа во југоисточниот дел на островот.

Тоа е најголемото рибарско село на Малта, познато по свежата риба, локалната атмосфера и живописно обоените традиционални чамци.

Големиот број шарени чамци создава препознатлива романтична медитеранска сценографија.

Blue Grotto

Се препорачува можност за тура со брод до познатите пештери Blue Grotto, една од најпознатите природни локации на Малта.

Слободно време за индивидуални активности.

Во договорено време следува трансфер до аеродромот.

Полетување за Скопје во 15:35 часот.

Слетување во Скопје во 17:15 часот.

Во цената е вклучено

✈️ Лет и трансфери

  • Авионски билет Скопје – Малта – Скопје
  • Аеродромски такси
  • Мала кабинска торба 40 × 30 × 20 cm
  • Организиран трансфер аеродром – хотел – аеродром на Малта

🏨 Сместување и организација

  • Сместување во хотел 3★ на Малта
  • 3 ноќевања со појадок
  • Туристички придружник од агенцијата за време на целото патување
  • Професионална организација на аранжманот

Во цената не е вклучено

  • Доплата за куфер од 20 kg – цената се утврдува 2–3 дена пред тргнување
  • Туристичка такса – 2 € по лице / ден – се плаќа во агенција
  • Валета и централна Малта – 55 €
  • Целодневна посета на Гозо – 60 €
  • Marsaxlokk – 30 €
  • Ручек за време на дополнителните екскурзии
  • Влезници во објекти и локалитети
  • Индивидуални трошоци
  • Патничко-здравствено осигурување

Дополнителни екскурзии

ВАЛЕТА + ЦЕНТРАЛНА МАЛТА

55 €

Полудневна факултативна екскурзија која вклучува:

  • организиран трансфер
  • локален водич

Во рамките на програмата се посетуваат Мдина, Моста и Валета, со разглед на дел од најпознатите историски и културни знаменитости.

ОСТРОВОТ ГОЗО

60 €

Целодневен факултативен излет кој вклучува:

  • организиран трансфер
  • брод
  • локален водич

Посета на Victoria, Цитаделата, Xlendi и базиликата Ta' Pinu.

MARSAXLOKK

30 €

Факултативниот излет вклучува:

  • организиран трансфер
  • придружник од агенцијата

Посета на најпознатото рибарско село на Малта, со слободно време за индивидуални активности.

Оваа факултатива е задолжителна.

MARSAXLOKK – ЗАДОЛЖИТЕЛНА ФАКУЛТАТИВА

ПРИЈАВУВАЊЕ НА ФАКУЛТАТИВИТЕ ПРИ УПЛАТА НА АРАНЖМАНОТ!

Важна напомена за екскурзиите

Поради потребата од навремено резервирање на трансфери и влезници за наведените екскурзии, клиентите мора да се изјаснат за истите при резервација на патувањето.

Реализацијата на екскурзиите зависи од:

  • минимум 16 пријавени патници
  • достапност на влезници во моментот на резервација

Не се гарантира реализација доколку клиентот се одлучи за посета на лице место.

Реализацијата на основната програма не зависи од реализацијата на дополнителните екскурзии.

Патни документи

За патувањето е потребен важечки пасош со важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот.

Начин на плаќање

Резервација

30% од вкупниот износ на аранжманот и копија од валиден пасош.

Целосна уплата

Најдоцна 15 дена пред почетокот на патувањето.

Цените се изразени во евра, а уплатата се врши во денарска противвредност по курс: 1 € = 62 денари.

Општи напомени

  • Организатор на аранжманот е Т.А. Атлантис.
  • За реализација на аранжманот се потребни минимум 20 пријавени патници.
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот.
  • Во случај на недоволен број пријавени патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот во целост 5 дена пред датумот на започнување.
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети во случај на промена на цените на влезниците на локалитетите и музеите.
  • За време на панорамските разгледи не се предвидени посети во внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен доколку тоа не е посебно наведено.
  • Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на реализација на програмата.
  • Организаторот го задржува правото на промена на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како застој на граница, доцнење на лет, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвидени за посета и слично.
За оваа програма важат Општите услови за патување на СКТМ и Т.А. Атлантис.
Фото Галерија