02 3229 922 / 034 345 212
Побарајте не
Погледни ги сите слики

Париз во Октомври

Дата на Патување
Патници
2 Гости
Возрасни
2
Дете
0
Години на детето
Резултати ....... Ве молиме да почекате....
  • Општи информации
  • Галерија
Програма



Дополнителни информации

ПАРИЗ

Градот на светлината
4 дена / 3 ноќевања
ПРОМОТИВНА ЦЕНА 479 €
по лице • за првите 6 места
РЕДОВНА ЦЕНА 529 €
по лице
✈️ ДИРЕКТЕН ЛЕТ Wizz Air
🏨 СМЕСТУВАЊЕ Хотел 3★
🍳 УСЛУГА BB – појадок
🚌 ТРАНСФЕР Аеродром – хотел – аеродром

Париз – градот на светлината

Париз е градот на Светлината, препознатлив по Ајфеловата кула, авенијата Шанзелизе, музејот Лувр, Триумфалната капија, плоштадот Конкорд, дворецот Версај, Операта, Moulin Rouge и Богородичната црква.

Градот има повеќе од 30 мостови и 400 цркви, Монмартр – сликарската „Мека“, Пигал – еден од најживите квартови со бурен ноќен живот, како и повеќе од 60.000 ресторани.

Париз е град на сите уметности и светската мода, познат по парфемите, виното, коњакот, прекрасната кујна и повеќе од 100 km метро.

Париз е град кој никого не остава рамнодушен. Проверете зошто е тоа така...

Програма на патувањето

ДЕН 1
ЧЕТВРТОК
СКОПЈЕ – ПАРИЗ

Состанок на групата на скопскиот аеродром во 04:00 часот.

Полетување кон Париз во 06:00 часот со директен лет на авиокомпанијата Wizz Air.

Пристигнување на аеродромот Буве (Beauvais) во 09:05 часот.

По пасошката и царинската контрола следува организиран трансфер до хотелот за оставање на багажот.

Потоа продолжуваме со можност за пешачка тура со локален водич.

Во попладневните часови следува сместување во хотел.

Слободно време за одмор и индивидуални активности.

Ноќевање.

ДЕН 2
ПЕТОК
ПАРИЗ – ВЕРСАЈ – КРСТАРЕЊЕ ПО СЕНА

Појадок во хотел.

Дворец Версај

По појадокот можност за факултативна посета на величествениот дворец Версај, оддалечен околу 15 km од Париз.

Дворецот е изграден од францускиот крал Луј XIV и претставува ремек-дело на уметноста од XVII век.

Во разгледот не се вклучени градините.

По завршувањето на посетата следува враќање назад кон Париз и слободно време во центарот на градот.

Крстарење по Сена

Можност за едночасовно крстарење по Сена и доживување на магијата на Париз од поинаква перспектива.

Враќање во хотел. Ноќевање.

ДЕН 3
САБОТА
ЛУВР – АЈФЕЛОВА КУЛА

Појадок во хотел.

Музеј Лувр

По појадокот можност за факултативна посета на еден од најбогатите и најпознатите светски музеи – Лувр.

Лувр околу 700 години бил резиденција на француските кралеви, сè до нивната преселба во Версај.

Во музејот се наоѓаат околу 65.300 уметнички дела, меѓу кои и светски познатата Мона Лиза.

Ајфелова кула

Во попладневните часови можност за индивидуална посета на Ајфеловата кула и уживање во прекрасниот панорамски поглед.

Можност за искачување до третиот кат на ова уникатно архитектонско издание.

Слободно време за индивидуални прошетки.

Враќање во хотел со метро. Ноќевање.

ДЕН 4
НЕДЕЛА
ПАРИЗ – СКОПЈЕ

Појадок во хотел и одјавување.

Организиран трансфер до аеродромот Буве (Beauvais).

Полетување кон Скопје во 09:40 часот со директен лет на авиокомпанијата Wizz Air.

Слетување во Скопје во 12:25 часот.

Во цената е вклучено

✈️ Лет и трансфери

  • Директен лет Скопје – Париз – Скопје со Wizz Air
  • Аеродромски такси
  • Мала кабинска торба 40 × 30 × 20 cm
  • Организиран трансфер аеродром – хотел – аеродром

🏨 Сместување и организација

  • Сместување во хотел 3★
  • Услуга BB – ноќевање со појадок
  • Организирани прошетки според програмата
  • Организација на аранжманот
  • Придружник на патувањето

Во цената не е вклучено

  • Туристичка такса: 5 € по лице / ноќ – се плаќа во агенција
  • Доплата за еднокреветна соба: 150 €
  • Патничко осигурување
  • Билети за јавен превоз со метро – карнет за 10 возења
  • Пешачки разглед со локален водич – 25 €
  • Посета на Версај – 80 €
  • Крстарење по Сена – 25 €
  • Посета на Лувр – 45 €
  • Влезница за Ајфеловата кула – индивидуално, на лице место
  • Дизниленд – цена на влезница при уплата
  • Задолжително пријавување на две дополнителни екскурзии

Дополнителни екскурзии

ПЕШАЧКИ РАЗГЛЕД СО ЛОКАЛЕН ВОДИЧ

25 €

Организиран пешачки разглед на Париз со локален туристички водич.

ВЕРСАЈ

80 €

Во цената на екскурзијата се вклучени:

  • влезница за дворецот
  • локален водич
  • организиран трансфер

Градините не се вклучени во цената.

КРСТАРЕЊЕ ПО СЕНА

25 €

Крстарење со брод по реката Сена во времетраење од 1 час, со можност да ја почувствувате магијата на Париз од поинаква перспектива.

МУЗЕЈ ЛУВР

45 €

Индивидуална влезница со резервиран термин.

Задолжително пријавување при уплата на аранжманот во агенција.

АЈФЕЛОВА КУЛА

Индивидуална посета. Влезницата се купува на лице место.

  • До втор кат: 28 €
  • До трет кат: 40 €

Цените се информативни и се однесуваат на пристап со лифт.

ДИЗНИЛЕНД

Цената на влезницата се потврдува при уплата поради променливиот карактер на цените.

ЗАДОЛЖИТЕЛНО ПРИЈАВУВАЊЕ НА ДВЕ ДОПОЛНИТЕЛНИ ЕКСКУРЗИИ!

Важна напомена за екскурзиите

Поради потребата од навремено резервирање на трансфери и влезници за наведените екскурзии, клиентите мора да се изјаснат за истите при резервација на патувањето.

Реализацијата на екскурзиите зависи од:

  • минимум 16 пријавени патници
  • достапност на влезници во моментот на резервација

Не се гарантира реализација доколку клиентот се одлучи за посета на лице место.

Реализацијата на основната програма не зависи од реализацијата на дополнителните екскурзии.

Патни документи

За ова патување е потребен важечки пасош со важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот.

Начин на плаќање

Резервација

30% од вкупниот износ на аранжманот.

Целосна уплата

Најдоцна 15 дена пред почетокот на патувањето.

Цените се изразени во евра, а уплатата се врши во денарска противвредност по курс: 1 € = 62 денари.

Општи напомени

  • Организатор на аранжманот е Т.А. Атлантис.
  • За реализација на аранжманот се потребни минимум 16 пријавени патници.
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот.
  • Во случај на недоволен број пријавени патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот во целост 5 дена пред датумот на започнување.
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети во случај на промена на цените на влезниците на локалитетите и музеите.
  • За време на панорамскиот разглед не се предвидени посети во внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен доколку тоа не е посебно наведено.
  • Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на реализација на програмата.
  • Организаторот го задржува правото на промена на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како застој на граница, доцнење на лет, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвидени за посета и слично.
За оваа програма важат Општите услови за патување на СКТМ и Т.А. Атлантис.
Фото Галерија