02 3229 922 / 034 345 212
Побарајте не
Погледни ги сите слики

Рим - Октомври

Дата на Патување
Патници
2 Гости
Возрасни
2
Дете
0
Години на детето
Резултати ....... Ве молиме да почекате....
  • Општи информации
  • Галерија
Дополнителни информации

РИМ

Вечниот град
01.10.2026 – 04.10.2026
4 дена / 3 ноќевања
ПРОМОТИВНА ЦЕНА 499 €
по лице • за првите 6 места
РЕДОВНА ЦЕНА 559 €
по лице
✈️ ДИРЕКТЕН ЛЕТ Wizz Air
🏨 СМЕСТУВАЊЕ Хотел 3★ или 4★
🍳 УСЛУГА 3 ноќевања со појадок
🚌 ТРАНСФЕР Аеродром – хотел – аеродром

Рим – Вечниот град

Рим е главниот град на Италија, град кој на секој чекор ги открива своите убавини и фасцинира со историјата која совршено се вклопува во секојдневието.

Познат како Вечниот град или градот на седумте ридови, Рим повеќе од три илјади години го гради својот уникатен карактер.

Со векови бил престолнина на едно од најмоќните царства во историјата на Европа, а подоцна и духовен центар на католичката религија и дом на градот-држава Ватикан.

Како древен град, со огромен број споменици, Рим претставува вистински музеј на отворено, но истовремено е и модерен град исполнет со архитектура, уметност, мода, технологија и прекрасна италијанска кујна.

Програма на патувањето

ДЕН 1
01.10.2026 | ЧЕТВРТОК
СКОПЈЕ – РИМ

Состанок на групата на скопскиот аеродром во 14:10 часот.

Полетување за Рим во 16:10 часот.

Пристигнување во Рим во 17:55 часот.

По пристигнувањето следува организиран трансфер до хотелот.

Сместување во хотел. Ноќевање.

ДЕН 2
02.10.2026 | ПЕТОК
РИМ – ВАТИКАН – РАЗГЛЕД НА ГРАДОТ

Појадок во хотел.

Ватикан

По појадокот е предвидена можност за факултативна посета на Ватикан.

Превозот е со метро, а разгледот трае приближно 2 часа.

Во рамки на посетата се предвидени:

  • Ватиканските музеи
  • Црквата Св. Петар
  • Систинската капела

За време на посетата на музеите ќе имате можност да ги видите најзначајните уметнички збирки: античките статуи, салата со таписерии, географските мапи од XVI век, салата со канделабри и собите насликани од Рафаело.

Систинска капела

Посебно место зазема Систинската капела со делата на Перуџино, Ботичели и други светски познати сликари.

Во периодот од 1508 до 1511 година Микеланџело Буонароти го насликал таванот со теми од Стариот завет, а околу три децении подоцна го создал и прочуениот Страшен суд над олтарот.

Прошетката низ Ватикан завршува на прекрасниот плоштад уреден од Бернини, еден од најзначајните уметници на италијанскиот барок.

Организиран разглед на Рим

По кратка пауза продолжуваме со можност за организиран панорамски разглед со локален водич, пеш и со метро, во времетраење од околу 3 часа.

За време на разгледот се предвидени:

  • Piazza Navona
  • Пантеон
  • Фонтана ди Треви
  • Шпанските скали
  • Via Condotti
  • Via del Corso
  • Piazza del Popolo

Слободно време за индивидуални активности.

Враќање во хотел. Ноќевање.

ДЕН 3
03.10.2026 | САБОТА
ТИВОЛИ – РИМ – КОЛОСЕУМ

Појадок во хотел.

Тиволи – Villa D'Este

По појадокот можност за полудневна факултативна посета на Тиволи.

Предвидена е посета на комплексот Villa D'Este, чија палата и градини се вбројуваат меѓу најубавите ренесансни градинарски комплекси.

По посетата следува враќање во Рим.

Црква Сан Клементе

Во Рим е предвидена посета на црквата Сан Клементе, каде се наоѓа гробот на Св. Кирил.

Колосеум

Потоа следува разглед однадвор на една од најголемите римски знаменитости – Колосеумот.

Колосеумот се наоѓа во близина на дворецот на Нерон – Domus Aurea и бил најголемиот амфитеатар во Римската Империја.

Слободно време.

Враќање во хотел. Ноќевање.

ДЕН 4
04.10.2026 | НЕДЕЛА
РИМ – СКОПЈЕ

Појадок во хотел и одјавување.

Слободно време за индивидуални активности – прошетки, кафе, шопинг и дополнително уживање во Рим.

Во договорено време следува организиран трансфер до аеродромот.

Полетување кон Скопје во 18:00 часот со директен лет.

Пристигнување во Скопје во 19:45 часот.

Во цената е вклучено

✈️ Лет и трансфери

  • Директен лет Скопје – Рим – Скопје со Wizz Air
  • Аеродромски такси
  • Мала кабинска торба 40 × 30 × 20 cm
  • Организирани трансфери аеродром – хотел – аеродром

🏨 Сместување и организација

  • Сместување во двокреветни соби во хотел 3★ или 4★
  • Хотел во централно подрачје
  • 3 ноќевања со појадок
  • Организирани прошетки според програмата со придружник од агенцијата
  • Организација на аранжманот
  • Придружник на патувањето

Во цената не е вклучено

  • Доплата за 20 kg чекиран багаж
  • Доплата за еднокреветна соба – 105 €
  • Туристичка такса – 7,5 € по лице / ден
  • Билети за јавен превоз со метро
  • Патничко осигурување
  • Организиран разглед на Рим со локален водич – 25 €
  • Посета на Ватикан и Систинската капела – 70 €
  • Посета на Тиволи и Villa D'Este – 70 €
  • Задолжително пријавување на минимум една дополнителна екскурзија

Дополнителни екскурзии

РАЗГЛЕД НА РИМ СО ЛОКАЛЕН ВОДИЧ

25 €

Организиран разглед на Рим со локален водич, пеш и со метро.

Разгледот трае приближно 3 часа и ги опфаќа:

  • Piazza Navona
  • Пантеон
  • Фонтана ди Треви
  • Шпанските скали
  • Via Condotti
  • Via del Corso
  • Piazza del Popolo

ВАТИКАН + СИСТИНСКА КАПЕЛА

70 €

Во цената се вклучени:

  • локален водич
  • влезница

Посета на Ватиканските музеи, Систинската капела и црквата Св. Петар.

ТИВОЛИ – VILLA D'ESTE

70 €

Организирана посета на Тиволи со:

  • локален водич
  • влезница за Villa D'Este

Можност да уживате во еден од најпознатите ренесансни комплекси со прекрасна палата и градини.

ЗАДОЛЖИТЕЛНО ПРИЈАВУВАЊЕ НА МИНИМУМ ЕДНА ДОПОЛНИТЕЛНА ЕКСКУРЗИЈА!

Важна напомена за екскурзиите

Поради потребата од навремено закажување термини и купување влезници, дополнителните екскурзии мора да се пријават и уплатат во агенција при уплата на аранжманот.

Агенцијата не гарантира достапност на влезници доколку клиентот се одлучи за посета на лице место.

За реализација на екскурзиите се потребни минимум 16 пријавени лица.

Патни документи

За патувањето е потребен важечки пасош со важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот.

Начин на плаќање

Резервација

30% од вкупниот износ на аранжманот.

Целосна уплата

Најдоцна 15 дена пред почетокот на патувањето.

Цените се изразени во евра, а уплатата се врши во денарска противвредност по курс: 1 € = 62 денари.

Општи напомени

  • Организатор на аранжманот е Т.А. Атлантис.
  • За реализација на аранжманот се потребни минимум 25 пријавени патници.
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот.
  • Во случај на недоволен број пријавени патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот во целост 5 дена пред датумот на започнување.
  • Организаторот го задржува правото на промена на цените на дополнителните екскурзии во случај на промена на цените на влезниците на локалитетите и музеите.
  • За време на разгледите не се предвидени посети во внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен доколку тоа не е посебно наведено.
  • Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на реализација на програмата.
  • Организаторот го задржува правото на промена на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвидени за посета и слично.
За оваа програма важат Општите услови за патување на СКТМ и Т.А. Атлантис.
Фото Галерија